Забегав од лижење


Ја лижев девојка ми
Ама претерав, ја лижев и шмукав
додека на крај скроз ја излижав, ја снема
Од неа остана само еден прстен и 2 пломбирани заби,
нив никако не можев
Ама се заебав пошто многу се здебелив,
минимум 60 кила и ми се распадна облеката
(иако она тврдеше дека има само 50 кг, сигурна
скратила за 10-тина, типично за неа)
И тоа не е проблем, проблем е што ми се уарни, станав зависник
па продолжив да ја лижам прашинаа по дома
па сите мравки и бубашваби
бојата на ѕидовите
и на крај му рипнав на фрижидерт
Е тука се заебав..јазикот ми се залепи за мразот
па иако неколку саати се мачев да се одлепам
никако не ми успеваше
и на крај морав да го исечам со грицкалка за нокти
Ептен досадна работа, душа ми искочи
ама со неколку паузи успеав пред да затворат дуќаните
Се нашприцав со ауто-лак
за да не се види дека сум гол
и отидов до првиот бутик да си купам облека
„МФФФФДГ“- и викам на продавачката
„не те разбирам“- ми одговори
Покажав да ми даде пенкало и хартија
па напишав
„немам јазик и не можам да зборам ..ми треба облека“
„баеѓи си полничок..тешко..уствари имам нешто
еве дрес на Ливерпул“- ми предложи
„ама ливерпул не се пишува со Љ..фалсификат е дресов
барем во фудбал се разбирам“
„во фудбал можда ама во мода уопште,
овој е за македонски пазар,
него зошто немаш јазик..кој ти го исекол?“
Како да и’ кажам па пишувам
„зборев против домашните животни“
„е како не ?“
„и против неживотните“
„е како не ?“
„и против религија, атеизам, мак фудбал,
против Ниче оригиналниот и Ниче нашиот,
пцуев мајки и шајки и
комшииите над и под мене,
ма се’ нешто мрчев него ај не ме прашувај више
ќе ми се потроши пенкалото“
„е ако де ќе ти дадам друго..стварно ме интересира“
„добро, ќе ти кажам ако ми дадеш попуст“
„договорено, имаш 2%…и?“
„ја излижав девојка ми до смрт“
„како тоа..умрела од оргазам?“
„не ма ..како што се лиже лижавче,
на почеток е цело и како што го лижеш
се повеќе го снемува и на крај се потрошило,
лижавчето го нема..така и девојка ми ја снема“
„ајдее, ептен си забегал …него имам една идеја..молба..
ај ќе ти го позајмам мојов јазик и ќе ме лижеш
ама само малку, колку да ослабам 15 кила
и тогаш ќе престанеш, да не давам пари по салони за слабеење“
„добро зошто да не..и уште 5% попуст“
Се сложи, и’ го исеков јазикот, го залепив кај мене во уста,
„офф што убаво било пак да можеш да збориш“- си мислам
„МФФГДФГ !!!“- сака нешто да ми каже и мафта со раце
„што е ?..сакаш пенкало нешто да ми напишеш?
…е неам пенкало, се потроши“
Глупача, го грабнав дресот и избегав..да имаше 15 кила помалце
можда и ќе ма фатеше ама…..
Е па за друг пат ќе си знае, никогаш да не му веруваш
на дечко без јазик што се разбира во фудбал

Посетено 2.186 пати