За вистинската љубов

Вистинската љубов нема претходен план.

Таа не се случува по испланирано сценарио.

Таа едноставно се случува.

Љубов не се дава со цел.

Љубов не се дава за да добиеш нешто за возврат.

Не се дава по претходно напишан и зацртан план.

Едноставно таа се случува и секое нејзино давање потребно е да биде без никакви очекувања. Доколку давате љубов со единствена желба дека сакате да давате љубов, тоа е вистинска љубов. Не давајте љубов со очекување да примите љубов.

Давајте љубов искрено, без скриени помисли, без очекувања и што е најважно без калкулации. Љубовта незнае за калкулации. За неа тоа е сосема непознато. Секоја вистинска љубов се чувствува, ја чувствува оној за кого е наменета.

Таа е реална, вистинска, магична, убава, нежна, искрена и чиста.

Таа не може да не е вистинска.

Кога ќе ја почувствувате вистинската љубов, не се обидувајте да најдете било каква причина за да поверувате и да се убедите во спротивното. Напротив, чувајте ја и пазете ја бидејќи тоа ви е најскапоцениот Божји дар што ви е даден од Бог.

Секогаш имајте на ум дека вие сте единствени, вие сте посебни, вие сте едни од оние кои ја доживеале вистинската љубов и бидете почестени и горди со тој факт. Радувајте се! Љубовта не е калкулација.

Таа не се дава со цел да се добие нешто. Барем не онаа, вистинската љубов.

Секој оној кој ја почувствувал, а се поиграл со неа и се дрзнал да верува во некои свои или туѓи убедувања дека таа љубов е искалкулирана, никогаш повеќе нема да може да ја почувствува вистинската љубов. Никогаш нема да може да и се приближи, да ја помириса, да ја допре, никогаш нема да ја има таа можност.

Затоа, чувајте ја вашата вистинска љубов бидејќи таа е една и единствена.

Неприкосновена.

Цврста. Неуништлива.

Допирлива. Реална.

Вистинска.

Чувајте ја, таа е намаенета за вас, таа е ваша љубов.

Препознајте ја онаа вистинската љубов која е чиста како капка солза и чувајте ја.

Ќе ви биде потребна за цел живот.

Таа е само ваша.

Вам ви припаѓа.

Вие сте нејзин господар.

Не давајте љубов за да добиете за возврат љубов. Давајте љубов, за да се чувствувате убаво.

Давајте љубов за да се чувствувате вредно и исполнето.

Давајте љубов зошто сакате да давате љубов.

Затоа што вие тоа најдобро го умеете.

Затоа што вашата љубов е една и единствена и незаменлива.

Затоа што вашата љубов е бесконечна. . .

Посетено 7.465 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!