За нашите баби и дедовци…

baba-i-dedo-pocetna[fblike]

Хилари има 69, Доналд 70 години. Еден од нив ќе раководи со Америка и светов малтене, од утре. Па си праам паралела сега. Кај нас бабите и дедовците на таа возраст со душата веќе се отидени на оној свет, секое гледање те поздравуваат како последен пат да е и те потсетуваат на она „готова сум јас, отидов јас, пројде моето“, демек да не заборавиш случајно. А првото спомнување на тие зборови е таму негде по пензионирање, на 62 отприлика, па после со годините само зачестува таа реторика. На таа возраст повеќето веќе имаат купено гробни места (се бира нели местото по тоа каде е, блиску или далеку, дали е на брдо или на рамно, дали е под дрво, сенка да има…) и си одат да си ги чистат гробовите за да не се запустат секој викенд, да не случајно му текне на оној горе да ги земе во меѓувреме, а таму на гробишта несредено да биде. Извинете, можда малку е крипи муабетов, ама жива вистина е… чест на исклучоци.

baner-latte-595

Посетено 4.210 пати