Во Хародс Се Отвора Ресторан Посветен На Тартуфите

[fblike]Ресторан Tartufi & Friends
Harrods_truffles_pocetna

Во еден од најпознатите светски трговски центри, лондонскиот Harrods,

се отвора ресторан Tartufi & Friends, луксузна гастро дестинација
за сите љубители на
гурмаснкиот скапоцен камен – тартуфот
Љубутелите на тартуфи кои често го посетуваат Лондон ги очекува голема вест. Имено, во познатиот трговски центар Хародс се отвора нова гастрономска оаза целосно посветена на тартуфите. Во ресторанот Tartufi & Friends целосно ќе можете да уживате во одлични специјалитети подготвени со оваа исклучително скапоцена намирница.
Гастрономскиот концепт на  Tartufi & Friends, чија понуда е врз основа на тартуфите, може да се пофали со уште два ресторани, едниот во Рим, а другиот во Милано, а со отворањето на ресторанот во Хародс концептот ги преминува границите на Италија и влегува на англискиот пазар така што на Лондончаните и другите негови посетители им пружа единствена можност да уживаат во богатата и квалитетна кујна чија главна состојка е токму тартуфот.
На менито можете да најдете различни јадења, како што се  вкусното сирење  burrata – збогатено со мед и тартуфи и со свежи тартуфи, потоа свежо подготвени tagliolini тестенини со свежи тартуфи, но исто така и многу необични десерти како  сладолед од ванила и пињола, суви смокви во мед со тартуфи и др. Покрај тоа што ќе можат да уживаат во единственото кулинарско искуство, посетителите од богатиот спектар на понуда ќе можат да изберете и купат луксузни производи како што се екстра девственото маслиново масло со бела тартуфа, чоколадирани десерти, мед со тартуфи, сол збогатена со тартуфи и други зачинети комбинации.

Посетено 352 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!