Вистинскиот маж не ја игнорира својата жена, наместо тоа ја потсетува колку ја сака

 

Лесно е да се разбере зошто луѓето веруваат дека другите луѓе се мистериозни. Потешко ни е да се разбереме самите себе- па затоа воопшто не треба да се изненадиме кога другите луѓе ги сметаме за загонетни сложувалки.urban-wedding

Луѓето можат да бидат смешни, несмасни, мрзеливи, а понекогаш дури и глупави, но одлуките кои тие ги донесуваат се заклучоци од нивните логички размислувања.

Сите ние можеме да направиме неверојатни работи со нашите животи доколку посветиме повеќе време на разбирање и класификација на сите информации кои допираат до нас.

И додека мажите важат за ‘поедноставни’, ниту за жените не може да се каже дека се кој знае какви енигми. Тие не се неразумни, ниту пак ирационални. Тие не се ништо повеќе мистериозни од било која друга личност.

На повеќето мажи им е тешко да ги разберат жените затоа што тие всушност не разбираат што им е најважно на жените.

Или е тоа причината, или пак не оставаат доволно време за да дознаат што и треба на жената со која се забавуваат.

Ако не е доволно очигледно, потребно е да спомнеме дека сите жени не ги сакаат истите работи. Исто како што и мажите имаат работи кои ги преферираат.

Постои само едно нешто кое жените го бараат од својот партнер. Всушност, сите ние бараме само едно нешто од својот партнер.

Можете дури и да го наречете тоа ‘гарантирана формула за успех’. А најдобриот дел е што тоа е неверојатно едноставна формула.

Но зошто ви е потребна формула? Зошто е потребно да ги играте сите овие умствени игри? Одговорот е уште поедноставен – за љубовта.

По ѓаволите, и за животот. Правите и велите нешта, а тие нешта влијаат на други луѓе- на тој начин функционира целиот свет.

Повеќето луѓе не се замараат за последиците од нивните постапки.

Работите кои ги велите и и ги правите на вашата девојка имаат влијание врз неа. Таа ќе ги сфати работите кои ги велиме и правиме на свој начин.

А токму пак тој начин на кој таа си ги претставува работите прави таа да се однесува на посебен начин. Се е поврзано, само што повеќето од нас не сакаат да ја видат таа врска.

Она што жената го бара од една врска е неверојатно едноставно- таа бара љубов и се што оди со љубовта. Начинот на кој една жена сака да биде сакана се разликува од жена до жена, а токму ваша задача е да го откриете вистинскиот начин.

Општо гледано, кога станува збор за жените, па и за сите луѓе, постојат два одделни дела од љубовната формула. Како прво, жената сака да биде сакана. Сака да почувствува љубов. Но тоа не е се.

Жените не сакаат само да се сакани. Доколку тоа беше се, мажите не би имале потешкотии во освојувањето на женското срце.

Жената не сака само маж кој ќе ја сака. Жената сака да биде дел од таа љубовна врска. Со други зборови, таа сака да биде вљубена.

А како да препознаеме кога сме вљубени? Па, кога ќе се вљубиме. Ова треба да им биде јасно на мажите- жените знаат да сакаат многу поискрено.

Жените имаат подлабоко разбирање за љубовта, што за наша среќа- односно за среќа на момците, ни ја олеснува задачата да ја направиме жената среќна.

Работата е да сфатиме што е тоа што прави жената да се чувствува сакано, и да го исполниме, така што таа не само што ќе се чувствува сакано, туку ќе се чувствува и вљубено.

Романтичната љубов не е ништо повеќе од неверојатно силно чувство на посакување. Најчестиот совет кој мажите им го даваат на други мажи кога треба да излезат со девојка е “Игнорирај ја и таа повеќе ќе те посакува.”

Ова можеби ќе функционира само во почетокот на врската како средство со кое ќе го поттикнете тој меѓусебен почетнички интерес, но со сигурност нема да функционира откако меѓу вас ќе се роди љубовта.

Игнорирањето на вашата партнерка само ќе и покаже дека не ја посакувате и токму поради тоа ја одбегнувате.

Со игнорирањето само ќе ја оттурнете од вас и ќе ја научите како да продолжи во животот без вас. Ако ја игнорирате и ги играте овие игри со вашите чувства, ќе изгубите. И двајца ќе изгубите.

Наместо тоа, она што треба да го направите за да го задржите распламтениот оган меѓу вас е да ја потсетите вашата партнерка, односно мегусебно да се потсетите зошто се сакате. Потсетете ја зошто ве посакува, зошто сте и потребни, зошто не може да живее без вас. А нека ве потсети и таа вас.

Ништо нема да добиете од игнорирањето, направете да се чувствува како најсреќната жена која некогаш чекорела по лицето на земјата. И вие ќе се чувствувате како да сте најсреќниот маж.

Жените сакаат да се сакани, но исто така сакаат и романса. Тие сакаат оган. Го обожаваат она силно чувство кое сите го сакаме.

Но сите ние сакаме да сакаме повеќе од тоа што сме сакани. Ако не ми верувате, дозволете ми да ви поставам едно прашање- Кое чувство е подобро, да сте сакани или да сте вљубени?

Така и си мислев.

Посетено 11.195 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!