Ви се крка цијанидче, а?

otrov[fblike]

Валандовчани, Босилчани, ви се крка цијанидче, а? Она, што се користи при обработка на злато, е тоа, отровчето! Предизвикува срцеви и невролошки проблеми, трајна ментална пореметеност како краен исход. Или жива, многу штетна, ако сте чуле? Предизвикува глувост, слепило, лупење и отпаѓање на кожата кај децата, проблеми со бубрези, интелектуална заостанатост и што уште не. Е, тие отровчиња, ќе ви се слеваат по реките, ќе ви понираат по почвата, ќе ви ја трујат храната што ја ја…дете, ќе ве убиваат полека и вас и децата!
Туку да ве прашам… а бе имате вие деца таму или само за себе си мислите, односно не си мислите?
Остра? Ма јок. Блага! Притисоци имало? Кои притисоци би можеле да ме натераат да си го трујам детето со цијанид бре??? Пре ќе го испијам, само детето да си го заштитам! Срам да ви е! Со која совест навечер мирно ќе спиете бруки брукосани???

595x90

Посетено 5.333 пати