Вештите Мајстори На Индустрискиот дизајн

Ви го претставуваме брендот два I три

dvatribrend1

Водени од љубовта кон дрвото и металот, искусни, вешти и прецизни во заедничката визија пред се долгогодишни пријатели Иван Филиковиќ и Игор Мракужиќ, се кројат зад името на новиот хрватски бренд Два I Три

dvatribrend3

Два | три се бави со производство на декоративен намештај со индустриски стил. Секое парче е уникатно, рачно изработено за клиентот, а при изработката се користат најквалитетни материјали. Кај многу проекти дизајнерите успешно имаат укомпонирано и веќе користена стара граѓа (греди, трупци, даски…) т.е толку стари, заборавени и неретко ронливи, но материјали од сентиментална вредност, ги враќаат во живот  за да го оплеменат нивниот сакан интериер.

dvatribrend2

Дали е тоа трпезарија, светлечко тело, масичка за кафе, закачалка или некое друго парче намештај, пред се функционален, модерно уреден и привлечен интериер е главен фокус на брендот два | три. Со своите оригинални парчиња мебел овие млади дизајнери внесуваат шармантен дух на индустријализмот во домовите, канцелариско/деловните простории, угостителски објекти,  дуќани… Поточно, ги прават препознатливи, дискретни и репрезентативни.
Посетено 544 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!