Весна Бејби Петрушевска: Концертот на Игор Џамбазов Поради Влошена Здравствена Состојба Се Одложува

[fblike]igor posledna fotografija_majkatiitatkoti
Почитувани другари и другарки ,
и покрај огромната желба на нашиот драг омилен лик Игор Џамбазов да се одржи концертот на 26 декември ,ја имам таа задача да ви објавам дека концертот ќе биде презакажан за 14.02.2016 поради влошената здравствена состојба на Игор кој утрово го однесовме во Филип Втори .
Тој инсистираше да ја тера приказната до крај ,но ние како негови другари и семејство (Тони Михајловски,Тамара Тодевска ,Александра Јоревска ,Аце Трендафил ,Ботиљка ,маестро тато Александар Џамбазов ,сестра мила од Америка Тања Џамбазова )едвај го убедивме да се одложи концертот упорно повторувајќи дека младите бендови многу вежбале и ќе се разочарале …..за оние кои купиле карти ќе важат за наредниот датум (14.02.2016),како и тоа дека сите купени билети може да се вратат онлајн или во Југотон со фискална сметка во следните 10 дена .
ЏАМБО ФЕСТИВАЛ ќе се одржи ,битката против турбофолкот продолжува .Само Игор да ни е жив и здрав …….ве поздравува ,живее за аплаузот кој вие му го давате безрезервно ……Ви благодарам на разбирањето .Од името на Игор и неговото семејство ,пријателите ……Со почит
Бејбимама
Посетено 10.717 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!