ВАРДАРИШТЕ

Денес решив да глумам ….онака, од досада
Се намачкав со мувслосан кечап и легнав
на улица, одма до ивичњакот
Глумев мртво куче, згазено од нерегистрирана кола

zoki zgazen
„дечко добар си?“- ме прашува некоја теткица
„не сум дечко, куче сум“- одговорив
Ништо не кажа, само преврте со очите и си отиде
„чичко што ви е?“-ми шепоти едно девојче што лиже сладолед
„девојче куче сум, не сум чо…уствари многу лошо ми е“
„како да ви помогнам?“
„дај ми го сладоледот и ќе ми помине“
Воспитано некое девојче, ми го даде и си отиде
„брат добар ли си“- едно типче нежно ме клоца
„не сум брат, куче сум“
„аха“ – ми го џапна сладоледот- “кучиња не
лижат сладолед“- и избега
„дечко, дечко“ – слушам женски глас
Дигам глава и над мене стои некоја девојка во минич
„да девојко?“- прашувам а не го тргам погледот
од убавите чипкасти гаќички
„дали си добар, целиот си во крв?“
„извини не те слушнав“ – одговарам
а погледот се уште ми е фиксиран меѓу нејзините нозе
„еј манијачиште едно“- списка и ми го збрца врвот
од штиклата во левото око и се отфрцка некаде
Среќа со тоа око послабо гледам па не се потресов многу
Уште така си лежам и осеќам како некој ме лиже по лице,
се штрецнувам и гледам еден клошар со исплазен јазик
„што правиш бе ненормален еден?“
„само да го излижам кечапот и одма си одам“
„не може, ај гитла“
„те молам, 2 дена не сум јадел“
„хмм, ај ок, ама немој се’, ми треба“
Ми ги излижа само ушите,се поклони и си отиде
„ЕВЕ го кучето, пазете да не ве гризне, лудо е!!!“
– девојчето од прееска со сладоледот им вика на двајца шинтери
„не сум бе куче, човек сум, што ви е ?“
„ти нас ќе ни кажеш“-со презир во гласот одговорија,
ме фатија со мрежата
и ме однесоа во Вардариште
Ах девојче, како ме заеба,а јас те мислев воспитано
Него не ми даваат да се јавам на адвокат,
така да знаете лажга е дека на фатените кучиња во Вардариште
им следува еден слободен тел. повик,
тоа е само во американски филмови

Посетено 1.130 пати