ЕНИС ХИЛМИ

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

Енис Хилми
Енис Хилми

[fblike]Додека во годината наназад,  да напишам збор- два за “утринското кафе”, во меѓувреме престанав воопшто да го пијам. Сега сум на какао. И не знам дали какаото, ќе се важи во оваа прилика. Всушност и поранешното едно, единствено кафе на ден, беше повеќе со цимет, отколку со кафе.:) Сеедно дали кафе, цимет или какао, истите речиси никогаш не ми биле првата работа во денот. Moжеби единствено како мотив. И незнам зошто , но сум си “увртела” дека топлата  “шоља” мора да е заслужена. На некогашната , административната и претходеа, барем по еден “ѕир” во тековната работа и круг- два до архива, а сегашната е најчесто после прошетката на Тото .Сепак најубаво и најзаслужено ми е после рано и долго утринско пливање. Уште ако потоа има и договор и е “социјализирано кафе”со пријатели, со сите весници и понекој геврек на маса, е тогаш со сигурност сум во среќен раноутрински баланс.

Следната прилика, ве молам да прашате за чај. Посериозна сум на таа тема!:)

Посетено 1.232 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!