Третман за болка:10 здрави начини како борбите да ги претворите во успех

bolka_majkatiitatkoti
[fblike]
Велат дека во животот единствено сигурни ни се смртта и даноците, но мислам дека има многу луѓе кои го оспоруваат овој став.
Редовно сме принудени да совладуваме постојани тешкотии кои понекогаш се должат, а понекогаш и не се должат на нашите лоши предрасуди. Иако можеби не можеме да имаме контрола додека сме во искушение, сепак имаме контрола како тоа влијае на нас.
Секогаш ќе се појавуваат тешкотии, но вистинската мера за нечиј карактер е како тој или таа се враќа од таквите несреќи и борби.
Луѓето не оценуваат. Се движиме по патеките на животот. Смртта не изненадува. Животот си тече. Кога нешто ќе се случи, речиси секогаш е неочекувано и тешко. Еве 10 начини како да го ублажите тоа:
1. Никој не е совршен
Совршенството е мит и секој кој тврди дека секогаш е во право, воопшто не го разбира животот. Не можеме секоја грешка, лоша одлука или глупавост да ја сметаме за крајна, бидејќи не е- не е ништо повеќе од една потешкотија.
Сите еднаш неизбежно нема да успееме. Мораме на животот да гледаме како на една долга крива линија која нема крај.
Единствено кога ќе умреме ќе престанеме да учиме и да нижиме неуспеси. Па затоа, се додека да се најдеме 2 метри под земја, мораме да сфатиме дека долините се само делот кој треба да го преминеме за да стигнеме до врвот на планината.
Кога ќе ја сфатиме реалноста дека падовите се само привремени, дури тогаш ќе можеме да ги пренасочиме нашите умови да гледаат нагоре, наместо да талкаат надолу.

2. Долу, но не надвор од патеката
Не прифаќајте пораз. Без оглед на она што се случило, најлошиот избор е да извадите бело знаменце. Имаме само еден живот, што значи и само една шанса за да ги оствариме нашите соништа.
Токму затоа, ние треба да процениме дали проблемот е доволно голем за да ни ја уништи единствената шанса. Во ред е да сте долу, сите имаме падови. Само осигурете се дека кога ќе станете ќе бидете уште посилни.

3. Фрустрацијата претворете ја во мотивација
Кога не оди, навистина не оди, но само ако ние го дозволиме тоа. Не значи ако нештата се одвиваат во насока во која ние не сакаме дека мора и да продолжат на тој начин.
Тешкотиите кои ни ги носат искушенијата надвиснуваат како темни облаци над нашите животи, кои влијаат на нашето расположение и ставовите кои ги имаме за животот. Затоа е задолжително да ја користите фрустрацијата како мотивација за надминување на тешкотиите.
Без оглед на околностите со кои се соочувате, вие секогаш можете да користите катапулт наместо да ги таложите. Земете се што не ви е по мерак и користете го како основа која ќе ве придвижи напред.
Често ние заслужуваме повеќе од она што го имаме и ако успееме да си го докажеме тоа на самите себе тогаш ќе ја имаме мотивацијата која ни е потребна.

4. Само позитивна енергија
Негативноста е како канцер. Таа е боа (змија) која го цица животот од вас и од сите околу вас.
Одржувајте позитивен дух околу вас, по секоја цена. Не само што го обновува здравиот разум, туку и помага да привлечете позитивна енергија.
Токму малите нешта како кога ќе му се насмевнете на некој непознат, кога ќе го платите кафето на оној што чека после вас, кога ќе дозволите некој да ве премине со автомобилот можат да ви донесат неочекувана радост, дури и во најтешките времиња.
Откако ќе одлучите да бидете позитивна личност тоа ќе биде забележително по се што правите и по начинот на кој се чувствувате.
Затоа, ако сакате да сте успешни и во времиња на борби, позитивната енергија треба да биде задолжителна за членовите околу вас, исто како и она што вие го велите и правите. Ако сте опкружани од луѓе кои се жалат и се фокусираат на лоши работи, воопшто нема да почувствувате помош за да го промените вашето размислување.
Фокусирајте се на она што е добро. Кога ќе го цените она што го имате и она што работи за вас, тогаш останатото ќе си дојде само по себе.

5. Промена
Познатата изјава на Алберт Ајнштајн гласи ‘Неразумно е да ги правиме истите нешта одново и одново и да очекуваме различни резултати’. Добитникот на Нобеловата награда е во право- Мораме да го смениме нашиот пристап кон секој детал.
Понекогаш кога ќе се најдеме во компромисни ситуации, нашата прва реакција е да обвинуваме секого освен самите нас.
Иако, на моменти, потешкотиите со кои се соочуваме можеби и не се директно наша вина, тие можеби се индикации дека треба да го промениме нашето опкружување, кругот на пријатели дури и начинот на размислување само за да се осигураме дека такви несреќи нема да се случуваат повторно.
Промената е страшна. Таа е напорна работа и бара труд. Ние сме суштества кои се раководат по навики, токму затоа ни е тешка задачата да создадеме нови.
Но, ако сакаме да успееме во области од нашиот живот во кои претходно не сме успеале, мораме да се вратиме еден чекор назад и да набљудуваме, да направиме корекции- се останато би било неразумно.

6. Планирајте. Планирајте. Планирајте.
Откако сте одлучиле да ги промените околностите, првиот чекор е да направите соодветни планови.
Поставете си цели и стандарди за тоа каде би сакале да се видите себе- навики од кои треба да се откажете, луѓе кои треба да ги исфрлите од вашите животи и места кои сакате да ги посетите. Бидете реални и ќе успеете во вашите очекувања.
Без визија, вие сте слепи. Затоа, запишете ги сите нешта од вашата моментална состојба од кои сте незадоволни, а потоа направете ги потребните приспособувања за да стигнете на посакуваната цел.

7. Малите чекори се клучни
Често се обесхрабруваме нетрпеливо чекајќи ги престојните резултати. Важно е да останете фокусирани и да запомтите дека се што вреди е потребно да се чека.
Мораме да си дадеме време да се прилагодиме кога го менуваме начинот на размислување и делување. Најтешкиот дел е кога треба да признаеме дека треба да се обидеме со поинаков пристап кога ќе наидеме на неуспеси во животот, па затоа периодот за приспособување е сосема во ред.
Не гледајте премногу далеку напред, фокусирајте се на одреден дел.

8. Задржете се на патеката
Трпението е древна вештина која морате да ја совладате. Најмногу бара работа и надеж. Дури и кога правиме се како што треба, се случува како воопшто да немаме никаков напредок.
Кога сме долу и надвор од патеката, важно е да веруваме во дисциплината која сме ја создале, а не во моменталните резултати кои можеби не се гледаат. Ако се задржиме на патеката, таа ќе не одведе до другата страна од тунелот.
И покрај тоа што е темно за време на целиот пат, никогаш не вртете се назад, бидејќи светлото можеби е токму пред вас.

9. Бидете одговорни
Нема оправдувања. Животот не ги сожалува вашите околности ниту пак се наведнува пред вашите поплаки.
Бидете доследни на зборот. Гордејте се со победите, без оглед колку и да се тие мали.

10. Не гледајте назад
Враќањето на старите навики дефинитивно може да биде проблем, враќање на старите пороци или отфрлање на сите техники кои сте ги научиле, мораме да гледаме напред и да се потрудиме да продолжиме со напредокот кој го имаме.
Кога конечно ќе воспоставите мир со вашето минато, со се она што не било во ред, со се што сте направиле или не сте направиле, тогаш ваша обврска е таму и да го оставите. Чувствувајте се како чиста табла, уживајте, а минатото оставете го во минатото.
Посетено 2.335 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!