Тренд На Сезоната: Романтичен Цветен Венец

[fblike]
Како познатите дами го носат трендот на сезоната?

trendkruni-pocetna_majkatiitatkoti

Духот на 70-тите ова лето се чувствува во сите сфери во светот на модата и убавината, а не одмина и некои од најпознатите дами кои го прифатија цветниот дизајн на најважниот ден во својот живот…
Оваа сезона ревиите на пролет-лето колекциите процветаа во најубавитете бои на природата – почнувајќи од дуото Dolce & Gabbana     кои на светот му претставија некоја нова Кармен која носи круна од крваво црвени рози, а трендот продолжи во модната куќа Marchesa која пролетта во косата ја замислила со префинета варијанта на цветни венчиња во пастелни бои со деликатни ливчиња кои се испреплетени со детали од пердуви.
Frida Gustavsson_majkatiitatkoti
Frida Gustavsson

Цветниот тренд во косата прво го зафати шведскиот супер модел Фрида Густавсон која на почетокот на летото  вплови во брачните води со фотографот Хјалмар Речлин. Нејзината коса на денот на венчавката беше закитена префинето, со нежен венец од цвеќиња gipsofila  која совршено ја заокружи проsирната, романтична венчаница од Valentino.
Frida Giannini_majkatiitatkoti
Frida Giannini
Само неколку недели подоцна, цветната треска ја погоди и поранешната креативна директорка на Гучи, Фрида Џанини, кој во почетокот на јули го кажа “судбоносното да” на Патрицијо Ди Марко. Венчаницата, која специјално за Џанини ја креираа нејзините пријатели Maria Grazia Chiuri и Pierpaolo Piccioli, Џанини ја зачини со едноставно венче од бели цветчиња.
Beatrice Borromeo_majkatiitatkoti
Beatrice Borromeo
Нејзиниот пример го проследи и Беатрис Боромео, кој неодамна стана сопруга на принцот од Монако Пјер Казираги, својата свадбена комбинација ја збогати со круна од полско цвеќе.
Jacqui Ainsley_majkatiitatkoti
Jacqui Ainsley
Сепак, најхрабрата комбинација ја покажа британскиот модел Жаки Аинсли, која само пред една недела ја озакони нивната врска со прославениот британски режисер Гај Ричи, а нејзината долга руса коса беше украсена со впечатлив, но елегантен цветен венец во кои се испреплетени цветови од рози и зелени листови, потсетувајќи на прекрасните аранжмани со кои на времето била украсена долгата коса на големата Фрида Кало. Многу познатите дами се одлучија за овој тренд и за нивните секојдневни комбинации. Погледнете ја галеријата на фотографии.
Sienna Miller_majkatiitatkoti
Sienna Miller
Poppy Delevingne_majkatiitatkoti
Poppy Delevingne
Beyonce_majkatiitatkoti
Beyoncé
Dakota Fanning_majkatiitatkoti
Dakota Fanning
Bar Refaeli_majkatiitatkoti
Bar Refaeli
Elle Fanning_majkatiitatkoti
Elle Fanning

 

Посетено 499 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!