Ти Да Сонуваш Поштари

[fblike]delhi-bolnica_majkatiitatkoti
Една болница од Њу Делхи има супер
интерактивен софтвер
што ти проверува
дали си луд или нормален
Да се проверам, ми вика :
-фрли петка-глава,
ако падне петка си нормален, глава си луд
Добро-си мислам -ова ми звучи озбилно,
фрлив 5 денари и ми се падна глава, значи луд сум?!
-Не- му викам – мора да е грешка, ај ќе пробам со евра
-Пробај – ми одговори
Фрлив 1 евро…пак исто
-не, вероватно не се фрлаат метални пари , само книжни
-добро, пробај со книжна
Фрлив 10 книжна денарка,
полека се спушта, се врти те на глава, те на писмо
јас ја дувам да остане на писмо ама не,
таа ко за инат падна на глава
Шмрц, се помирив со судбината, луд сум
-и сега што да правам, што да јадам, што музика да слушам,
како да се облекувам, не знам што побрзо да правам?
-па еве да пробаш прво со музика – ми вика сајтот
-ај музика, ваљда најмалце ќе патам – резигнирано одговарам
-добро, песни како за тебе се Brain damage од Pink Floyd
la follia од Vivaldi, la folia од А.Corelli
или la folie од Stranglers а може и ..
-добро, доволно, може да го пуштам Корели
случајно во џеб го имам неговото ЦД?
-па да, ама на најгласно
-фала ти сајту, него може сега да поспијам а после да го пуштам?
-сега!!!..па 11 сабајле е во Македонија
-знам ама многу ми се спие
-што, да не си се пијанчел цела ноќ?
-а не, овојпат не, случајно ми падна во рака
научниот труд
„Подемот и падот на текстилните фабрики во Нови Пазар“
и од возбуда не можев око да склопам
-добро, може да спиеш ама пази што сонуваш!!!
-ќе пазам, што ми препорачуваш да сонувам?
-може да сонуваш поштари и букети свежо цвеќе
ама поштарите да се во чисти униформи
закочани до грло, јасно?
Сакав да му кажам „ТИ да сонуваш поштари“ ама
не му одговорив пошто во истата секунда заспав
Посетено 450 пати