„Thunderstruck“ на AC/DC помага во правење лекови против рак

acdc
Песната „Thunderstruck“ од познатата рок група наводно го подобрува дејството на лековите наменети за борба против ракот,
вели едно ново истражување
Ова го откриле австралиски научници кои овој хит од 1990-та година го пуштале за да ги „натераат“ медицинските честички да потскокнуваат за да се обложат со плазматската мембрана која им помага подолго да траат во човечкиот организам.
Пред да биде откриена таа техника, само едната страна на честичките можела да се обложи, резултирајќи со побрзо разложување на лекот камптотецин во организмот.
„Вообичаено, обложувањето се формира само на едната страна на честичките, онаа која е изложена, додека другата страна останува иста. Така дојдовме до идејата да употребиме звучници“, изјавил професорот Нико Воелкер од универзитетот во Јужна Австралија.
„Звучниците би создале вибрации од кои честичките подтскокнуваат горе-долу. Хаотичните фреквенции добро функционираа, што резултираше со подобро обложување на честичките“, објаснил тој.
Посетено 360 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!