Три тајни кои хотелите не сакаат да ги знаете

Кога станува збор за хотели, сите кои често патуваат имаат свој совет за подобар престој.   Ретко кога овие совети доаѓаат директно од хотелските работници.   По букирање на престој во некој хотел, доаѓаме со одредени очекувања, но има многу страни од хотелското искуство кои остануваат мистерија.  Во еден напис неодамна, Business Insider иницираше дискусија на веб форум Quora  каде хотелските инсајдери и откриваат тајни на јавноста која ги букира.  Еве што пронајдовме како најизненадувачко…
Три тајни кои хотелите не сакаат да ги знаете
Постелнината не е чиста колку што мислите. Оваа информација е можеби  изнанедувачка за повеќето, но иако треба да сметате дека постелнината е чиста (што не е секогаш загарантирано), надворешните слоеви честопати не се испрани при промена на едни и други гости (и немојте ниту да помислите да легнете на декоративните перничиња).
Избегнувајте да ги употребувате чашите. Исто како и постелнината, ниту чашите во собата не се најчисти.  Значаен дел од Quora дискусиите велат дека ако е возможно, чашите треба да се избегнуваат, бидејќи се преполни со бактерии (иако некои во форумот велат дека далечинскиот управувач и ламинираниот водич за канали се вистинските виновници).
Оние кои се задолжени за собите се платени по соба. Неколку од учесниците во дискусијата велат дека housekeeping се често платени по исчистена соба. Тоа значи дека тие всушност не се поттикнати добро да чистат бидејќи брзаат да почнат со чистење на друга соба. Во суштина, оваа структура поттикнува се да биде помалку чисто, отколку што се надеваме.

prevzemeno-logo-interior

Посетено 1.313 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!