Што открива вашата омилена секс поза за вашите чувства

Секс. Нежни допири во темнината, вашите голи и испотени тела, стенкање и удари, акробатски пози, а доколку имате среќа- и оргазам.

Според големиот писател Оскар Вајлд ‘Се во светот е поврзано со сексот, освен самиот секс. Сексот е поврзан со моќта.’ Необјасниво е колку тој бил во право.

Сексот е многу повеќе од само физички однос. Покрај потта и стенкањето, сексот подрабира и моќ, емоции.

Без оглед на се, сексот скоро секогаш е во склад со со вашето моментално расположение и со некој кој е подготвен и доволно возбуден за да ви овозможи да се однесувате во согласност со вашите чувства.

И покрај тоа што вие можеби воопшто не го приметувате тоа, вашата избрана секс поза јасно зборува за вашите чувства, дали сте срамежливи, мрзеливи, нежни, самоуверени или нешто помеѓу?!

Мисионерска поза

Доколку вашиот избор е мисионерска поза, тогаш вие сте желни за интимност. Мисионерската поза има лоша репутација дека е досадна и неоригинална поза, но нема ништо подобро од тоа да го гледате партнерот во очи и да имате потполен контакт помеѓу вашите тела со што би можеле да се гушкате, бакнувате и меѓусебно да си искажувате нежност.

Познатите секс терапевти сметаат дека оваа поза е романтична, но не и многу авантуристичка. Па така, жените кои ја сакаат оваа поза се срамежливи и умерени личности. Во мисионерската поза, мажите мораат да се потрудат малку повеќе, а тоа им дава слобода на жените да бидат попасивни во спалната соба.


Секс поза ‘каубојка’

Мажите кои преферираат жената да е врз нив се несебични. Тие се дарежливи личности на кои им се важни сексуалните потреби на навниот партнер. Особено е важно да се спомне дека со оваа поза постои ризик дека партнерката може да го повреди пенисот.

Според стручнаците, оваа поза им овозможува на мажите да бидат истовремено покорни и доминантни. Тој или и дозволува на жената да ја има целата контрола или пак си овозможува да пенетрира подлабоко со што ги зголемува шансите за таа да добие оргазам. Во секој случај, тој се обидува да и удоволи на жената. Или пак е мрзелив и повеќе сака да лежи на грбот додека жената ја врши целата работа, сепак и тоа е можност.

Без оглед на причината, на самоуверените жени им се допаѓа кога мажите ја сакаат оваа поза.

Секс позата каубојка ви овозможува да имате моќ над задоволството и најдоброто од се e што тој може да го набљудува целото нејзино тело.


 Секс поза ‘обратна каубојка’

Темпераментните жени не ја обожаваат оваа поза многу. Ова е поза која не покажува многу, но и овозможува голема контрола на жената врз брзината и длабочината на пенертацијата. Од друга страна пак му овозможува прекрасен поглед на мажот.

Мажите кои ја одбираат оваа поза умираат од желба да добијат нова претстава од нивната партнерка. Друга причина поради која оваа поза е особено привлечна е што тој не мора да прави скоро ништо.


Кучешка поза

Ако ја обожавате оваа поза, вие сте безобразни, сакате да го избегнете директниот контакт очи в очи и за замена уживате во длабоката пенетрација.

Оваа секс поза, токму поради избегнувањето на контактот со очите и малиот контакт помеѓу вашите  тела се смета за ‘најстудена’ поза. Но тоа не значи дека уживањето е помало. На овој начин мажот може најдлабоко да пенетрира, а жената добива најдиректна стимулација на нејзината Г- точка.

Токму поради сево ова, кога ќе ја изберете оваа поза вие обрнувате поголемо внимание на физичките отколку на емоционалните бенефити од сексот.


Секс поза ‘лажица’

Доколку сте нежни и љубезни тогаш уживате во оваа секс поза. Ова е одлична положба како мажот би можел да и шепоти валкани работи на жената.

Секс позата лажица е интимна и романтична поза која му овозможува на мажот да го прегрне женското тело и да имаат целосен физички контакт, така што обострано можат да уживаат во сексот.

Разбирливо е дека некој кој не чувствува голема поврзаност со партнерот да не сака да има секс во оваа поза. Оние пак, кои се загреани и имаат валкани мисли ќе уживаат во неа.


Секс во стоечка позиција

Одбирањето на оваа поза открива дека вие сте авантуристи. Оставете го креветот и имајте секс во стоечка положба, самата положба е несекојдневна и безобразна. Дури и ако стоите на друг дел во вашата спална соба, можеби токму тоа е зачинот кој и е потребен на вашата врска.

Возбудата е уште поголема кога внимавате да не бидете фатени. Многу подобро се забележуваат вашите тела во мракот, па забавно е дури и само да замислите колку лесно некој би можел да ве фати на дело.

Тоа и повеќе од доволно ја зголемува напнатоста, а воедно е и одличен начин да бидете егзибиционисти и покрај тоа што не сте егзибиционисти.

Посетено 12.611 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!