Што ќе ми се златни сандали, ќе си купам дрвени кломпи

[fblike]shtikla

Мислев да си купам златни сандали. Јас и ти да излеземе на вечера. Да ти подарам насмевка, да ми измамиш воздишка. Со јагодки да се храниме, со вино да се облизнуваме. Ногите под маса да ги преплетуваме, наежени тела да допираме. Од вечера, зора да се претвори, мугрите свеќите да ги засенат. За крај по еден убав збор да си кажеме, со него да заспиеме. Но, на пола вечера, ти погледна друга, мене фитиљот ми се запали, ти со пцости ме опсипа, а јас ја собув златната сандала и по тиквата те замавав. Што ќе ми се златни сандали, ќе си купам дрвени кломпи и ќе чекам на вечера да ме поканиш, и со кломпа да те исчукам. Будала една, ти ли со мене така?
Посетено 1.216 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!