Стар добар штос на Јовица Михајловски

Пред малку се допишував со мојот стар пријател и колега…Јовица Михајловски. За публиката, тој вечно ќе остане како Ќелавиот од “Бушавата азбука“, или како чичко Куплунг. од филмот “Самоуништување”

За мене е нешто многу повеќе од тоа.
За мене вечно ќе остане Јово…

Е па, на Јово му текна на една стара, добра, од наше време, од бифето во Драмски театар, кај газда Крап. Бифето на Драмски…најбоемското место на нашата младост.

“Добро зошто пиеш толку?”

“Имам проблем.”

“Е шо ти е проблемот?””

“Многу пијам.”


Нашиот разговор…заврши вака:

“А бе Јово, ти барем знаеш да пиеш.”

“Знам, знам…ама у себе”


Посетено 14.898 пати