Стан Од 40 Квадратни Метри Во Нови Сад

Проект на студиото Modelart
modelart-pocetna_majkatiitatkoti[fblike]
Совршено функционалниот стан на архитектонското студио Modelart
ја доби наградата за најдобар интериер на 19-тиот
Салон за Архитектура во Нови Сад
Малиот простор представува најголем предизвик за архитектите. Секогаш е интересно да се види како се решени становите до 40 квадратни метри. Такво решение покажа новосадското архитектонско студио Modelart, кое за овој проект заслужено ја доби наградата за најдобар интериер. Погледнете го токму овој стан каде што живеат двајца архитекти: . “Често кај младите уметници, архитекти, дизајнери и други постои потреба за повеќенаменски простор кој ќе биде доволен за живеење и работа. Овие потреби беа главен предизвик за уредување на станот кој се наоѓа во стариот град Нови Сад, во областа Подбаре. Објектот датира од периодот на првата половина на 20. век, што потврдува неговата внатрешна и надворешна архитектура. Внатрешното дизајнерско решение го содржи мотивот “стан во стан”, каде влезната просторија е организирана како студио за работа, додека вториот дел е обликуван како гарсониера со сите потребни елементи за живот. Најголемиот предизвик беше да се создадат две одделни области со цел да се избегне мешањето на функциите, а истовремено да  не се наруши постоечката геометрија на станот. “

modelart_1_of_17 modelart_2_of_17 modelart_3_of_17 modelart_4_of_17 modelart_5_of_17 modelart_6_of_17 modelart_7_of_17 modelart_8_of_17 modelart_9_of_17 modelart_10_of_17 modelart_11_of_17

Посетено 3.171 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!