СПОМЕНИ ОД ДЕТСТВО

„што ти донесе Дедо Мраз?“
-ме прашува една вујна/стрина (што и да беше)
додека сарма
и’ штрчи од пола уста и со мрснине раце
ме гали по коса
„усисивач“ – и’ го покажувам
„каков е овој усисивач?“ – збунето прашува
„усисивач за досадни луѓе“
– злобно одговорив и ја шмукнав
„Еј па ова стварно робетело, сега ќе идам
кај досадни комшии на гости“
-задоволно промрљав, си ја исчешлав косата
со рака и искочив од дома
1-јан-1900 и некоја
Посетено 655 пати