СПОЈ МЕЃУ ИСТОРИЈАТА И ИДНИНАТА

XI-та меѓународна изложба со историски возила
и големо изложување на Peugeot
На 07-ми мај, ден сабота, ќе се одвива единаесеттата меѓународна изложба со историски возила, проследена со големото изложување на Peugeot возилата и дел од програмите брендови кои Еуроимпекс ги застапува на Македонскиот пазар.
Оваа година е трета по ред во која продолжува соработка меѓу Еуроимпекс и АМК Џип Рели Спорт. Организаторот е подготвен да ги исполни очекувањата на посетителите како што тоа беше и претходните години.
izjava-peugeot_majkatiitatkoti
-„Изминатите 2 години, домаќин на настанот беше Еуроимпекс и истиот се одвиваше во кругот на компанијата. Оваа година ќе се понуди нешто малку поинакво, па настанот овој пат ќе се одвива на ул. Михаил Чоков кај Општина Центар (кај Градски парк). Свеченото отворање ќе биде од 11:00 часот, а доделувањето на признанијата, прогласувањето на победниците и затворањето на изложбата во 15:00 часот. – изјави Ана Николоска, Маркетинг асистент во Еуроимпекс.

Оваа година, на Меѓународната изложба со историски возила, покрај историските ќе бидат изложени и нови моделите на Peugeot, посетителите ќе имаат прилика одблиску да погледнат и дел од програмата брендови кои Еуроимпекс ги застапува на Македонскиот пазар и тоа: неколку модели од гамата на Peugeot, маслата Total и Vlavoline, Banner акумулаторите, пневматиците Toyo Tires како и програмата Professional Tuning.


Овој настан има двоен карактер. Посетителите преку историските возила се навраќаат наназад во историјата, а во исто време преку претставувањето на новите возила на Peugeot „погледнуваат“ и во иднината. 07ми мај ќе го одбележиме во знакот на историјата и тоа преку “old timer”-ите и преку историјата на нашата компанија. Минатата година имавме 25 годишен јубилеј, зборувавме за развојот на компанијата во чиј фокус беше Peugeot брендот, а со почетокот на оваа година го објавивме нашето регионално застапство за Peugeot на пазар поголем од 14.500.000 жители. Новостите не запираат тука, чест ми е да ве информирам дека нашето долгогодишно залагање и градење на брендот Total на Македонскиот пазар, оваа година бележи 20 годишен јубилејИзјави г-ѓа Ивана Манчева Михајловска, Маркетинг директор во Еуроимпекс и додаде: Секогаш се трудиме максимално професионално да го изведеме секој еден проект, па така ќе биде и за овој настан. Тоа што може да ветиме е дека ќе има за секого по нешто. Ве поканувам да нé посетите и заедно во дружба да минеме едно убаво саботно попладне.“

Повеќе информации за изложбата со историски возила беа добиени од г-динот Димиртије Пеливанов Претседател – АМК Џип Рели спорт, Делегат на XI-тата меѓународна изложба со историски возила, тој изјави:
Тимот кој победува, не се менува – многу добро позната поговорка. Соработката со Еуроимпекс продолжува трета година по ред. Што се однесува до XI-тата изложба со историски возила, правилата на Меѓународната федерација FIVA високо ги респектираме и на изложбата секое возило кое ќе биде претставено ќе е произведено пред 07.05.1986 година т.е. задолжително ќе е постаро од 30 години. Воедно, секое историско возило, за да биде изложено, треба да биде одржувано во оригинална состојба или реставрирано еднакво на оригиналот.
Голема чест ми е да кажам дека на 11-тата Меѓународна изложба на историски возила, 11 возила ќе бидат од брендот Peugeot, a останатите возила ќе се од други брендови.“
Дополнителни информации:
Оваа година ќе бидат изложени повеќе од 60 историски возила и 20 old timer моторцикли.
  • Најстарото изложено возило ќе е возилото Fiat Topolino, произведено во 1936 година.
  • Најстарото Peugeot возило ќе биде возилото Peugeot 404, произведено во 1968 година.
  • Најстар моторцикл на оваа изложба имаат можност да го видат и мотоциклот Yava, произведен во 1930 година.
Комисија за оценка на возилата е составена од стручни лица, истата ја сочинуваат:
–      Г-дин Васил Стамболиски, Претседател на комисијата за историски возила
–      Г-дин Томислав Биљарац –Член на комисијата
–      Г-дин Мојсије Милосавњевски – Член на комисијата
–      Г-дин Цане Костовски – Член на комисијата
–      Г-дин Јовче Стефанов – Член на комисијата.
Посетителите ќе имаат прилика одблиску да погледнат и дел од програмата брендови кои Еуроимпекс ги застапува на Македонскиот пазар и тоа: неколку модели од гамата на Peugeot, маслата Total и Vlavoline, Banner акумулаторите, пневматиците Toyo Tires како и програмата Professional Tuning.
Посетено 590 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!