Специјалитет На Денот

[fblike]specijalitet na denot_majkatiitatkoti
Не знам зошто сум уште со Сандра?
Стварно не знам
Еве седиме во кафана, го чекаме келнерот
и додека јас безуспешно
се обидувам да ја фатам и сплескам вошката
што ми се мота низ коса
Сандра си ги лакира
ноктите и нон-стоп нешто ми збори,
која со кого се фатила или раскинала,
која кај се депилира,
аман више,
се’ и знам за другарките до пето колено,
не можам до збор да дојдам од неа
3 пати ми ставаа нови ушни тапанчиња и
кај и да е и овие ќе пукнат
Конечно доаѓа келнерот:
-Добар ден повелете
-за мене осминка пилешки стек,ама стварно осминка
и никулци од исландска детелина на пареа- нарачува она
-добро, а за вас господине?
-За мене опашка
-каква?
-каква било
-може од коњ?
-пржена, варена?
-не, на скара
-одлично
-што ти текна тоа? – зачудено прашува Сандра
-па денес јадам на буквата „О“
-а не ти текна на омлет?
-да ама тоа доручкував
-а што ќе јадеш за десерт?
-оклер
-каков оклер, еклер се вика
-е како не?
-добро како сакаш, преку глава ми е да се
расправам со тебе ама ако више нарачуваш на „О“
нарачај обланде,
немој оклер, барем не кога си со мене
Нејќам да се бламирам пред цела кафана
-добро, добро обланде ќе нарачам
-ете така, ај идам нешто до тоалет
Додека она се тоалетира јас од досада
го разгледувам менито и на последната страница
гледам нешто интересно, напишано со нервозни букви
„Специјалитет на денот – Лоши спомени“
Одма го викам келнерот:
-дечко што значи ова, што јадење е?
-тоа значи … ќе ни ги дадете вашите лоши спомени,
готвачот ќе ги испржи, вие ќе ги изедете и толку,
вашите лоши спомени ќе исчезнат
-хмм, така викаш а?!
-да 100% проверено
-а како ќе ми ги земе готвачот лошите спомени?
-Со една мала игла ,нема ни да осетите
ќе ви брцне во срце и мозок и ќе ги извади
Супер, тоа ќе нарачам…и не носите ништо за девојката
џабе ќе фрлам пари
Се враќа она и малку е нервозна што
мојата храна пристигна а нејзината ја нема
-зошто тебе ти донеле а мене не?.. е стварно се
за нигде, на сите ќе им кажам
-полека, без нервози, им снемало од никулците
па пратија еден да ги набере
-во Исланд пратиле?
-да ма – и го земам првиот гриз
-еј што ми се случува, како да ме снемува?
Го земам вториот гриз
-Зоки бее, види ме, пола тело ми фали, викни
брза помош, викни полиција, викни..
Не ја доврши мислата пошто го изедов послениот залак
и толку, целата ја снема,
исчезна од мојот живот, од моите спомени
Што убаво… конечно тишина,
сега можам на раат оклери да нарачам
Посетено 1.464 пати