Сонувам како сите мои врсници се ожениле и никој нема време за денгуба и 100 пива дневно…

Сонувам како сите мои врсници се ожениле и никој нема време за денгуба и 100 пива дневно поради нископлатените работи и болно-амбициозните сопруги шо слушат Владо Горгиев, па решив да се запишам средна школа по втор пат.

А тамо:

Лоша смисла за хумор, никој нема повеќе од стотка у џепо, генерално никој не слуша музика, а и тие шо слушат поарно глуви да шетат, девојчиња шо се палат на триесгодишњаци, професори пуни фрустрации, говорни мани, реа на сексуални нереализации, екстра лоша храна на големите одмори, зависност од кафе у трговски…

Потпуно исто како ја кога бев средно.

П.С. Читам у соновнико, пишува да доручкувам хероин и да си траам на никој да не кажувам!

Посетено 550 пати