Со насмев срцево ми го држиш

drzenje-za-race-pocetna_majkatiitatkoti
Во мене
влегуваш
брзо и остро
прецизно
како нож
како жилет
немилосрдно
со љубов ме заковуваш
ми ги лижеш раните
љубиш лузните
пиеш солзите
ми продираш во градите
со насмев срцево ми го држиш
тик-так-тик-так
шепотиш
биди “своја”
биди “моја”
а душава
душава како кандило ми гори
дур во себе те примам
и молам
гребам
влажни траги ти оставам
страста ти ја пијам
небаре нектар
жедна за твојата пот
слуз
мирисот мој како амајлија
околу вратот ти го оставам
со здивот залепен
на кожа како сенка
а во порите воздишки
ахххххххх
обој ме
во црвено и зелено
издроби ми ги зборовите
во прашинки стори ги
остави ме со изгризани усни
со ехо од љубовна ноќ
со треперливи допири
со грчеви од телесни пулсирања
и остани во мене вгнезден
удобно сместен
а јас со себе
во мир, во спокој
дур издишувам
добро е…
љубов е

Посетено 1.539 пати