Смоквата Карши “Боеми”

[fblike]
smokvi-zreli_majkatiitatkoti
Чрчорењето меѓу гранките ме измами после дождот малку низ маало. Секогаш кога поминувам карши Боеми, се шири некој слаткаст мирис кој не можам да го идентификувам. Денес се уверив дека е од смоквата на аголот, ме заплисна со мискојната! Дрво кое не цвета, а целото мириса како цвет. Ми текна на приказната од најстарите списи на човештвото (Ведите) кајшто луѓето ги прашуваат боговите пред потопот, кое дрво би требало да го зачуваат како најважно. Се разбира, одговорот е смоква, со образложение дека содржи сЕ што на човек му треба, мал космос. Смоквата била и во еврејскиот рај, инаку како би се покриле Адам и Ева?! Медитеранско дрво што ги привикува големите води, благодарна сум!
Посетено 445 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!