Скролам по бескраен статус од политички мудросер…

Скролаш по бескрајната ролетна на некој статус напишан од влијателен политички фејсбук мудросер, а тамо 2.1k лајкови и 857 коментари, меѓу кои, некаде околу 455-тио коментар, гордо и ентузијастички пише:

polovni avto delovi za site vozila turbini (turbo),alternatori,alanseri,klima kompresori,letvi (puz),kopcina i dr.

Со насолзени очи, пушташ фул дискографи од Ипче Великомаченик Ахмедовски, цепаш крушкова и мезеш ловџиска паштета и комплетно се препушташ на трансцеденталноста на горенаведенио симулакрум, кохезирајќи низ семиотичката симболика на круцијалните сентаменталитети со вонтелесните талкања низ метапросторо.

Посетено 124 пати (1 денес)