Скопска шмизла или Битолска пуфла?

Да не се лажеме, најубавите девојчиња во Македонија се Битолчанките и Скопјанките.
skopska-smizla-ili-bitolska-pufla-1[fblike]
Знам дека ги исфрустрирав сите девојки од другите градови со оваа реченица, но тоа е мое мислење.
Секако дека секој има право да го изрази слободно, па затоа јас ја користам оваа прилика да го направам тоа.
Ова мое мислење е поткрепено со неколку факти, според кои иако Скопјанките се убави, на Битолчанките не можат да им се фатат во убавина, а камоли пак во нешто друго.
– Скопјанките имаат интересен акцент, додека Битолчанките имаат интересен говор на тело.
– Скопјанките имаат добар стил на облекување, додека пак Битолчанките имаат топ фигури и лични фаци.
– Скопјанките имаат култура на моменти, додека пак Битолчанките ви покажуваат што е тоа култура во секој момент.
– Скопјанките знаат како да ве одебат непристојно, додека пак Битолчанките го прават тоа на фин и културен начин.
– Скопјанките знаат добро да се забавуваат на забави, Битолчанките се оние што ги прават забавите.
– Скопјанките се убави со шминка, Битолчанките се убави секако.
– Скопјанките се нафурани, Битолчанките ве прават да се чувствувате нафурани во нивно друштво.
– Скопјанките знаат да пијат само мартини за фама, додека Битолчанките знаат да акнат две три пива на Широк Сокак без да се прават шмизли.
– Скопјанките глумат лудило по балетанки замислувајќи дека се во Париз, Битолчанките се постојано на штикла бидејќи знаат дека се во Битола.
– Скопјанките се обични убави шмизли, но да си Битолска пуфла е нешто посебно, гордост!

jk banner grcija

Посетено 14.549 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!