СКОПЈЕ МОЕ – ЛЕПШЕ ОД ПАРИЗА

Вака значи: дали, сте приметиле што се случува во секое можно претпријатие, јавна институција, државна, градска, нема везе?

Се случуваат гадости, кои редовно ги прават ситните душички, кои, ете, ќе ги жалиме што не завршиле школо, па со ССС или ниже, работат она што го работат.

Знаеме што можат да работат со ваква спрема, ама проблемот, редовно се јавува кога овие сељачиња, дојдени од којзнае кое Свирипичино, си зимаат за право да коментираат, да дискутираат и да се обидуваат да комуницираат на рамна нога со нивните колеги, кое, ете, на времето си завршиле школо.

Невидена работа – сите гадости, сите проблеми, сите кодошлуци, сите одвратни подметнувања, редовно доаѓаат од овие ситни души, кои не престануваат да плукаат по државата бе! Ни мање ни више.

Што ти е крива државата, шупељко ниеден, што, на времето луѓето имале попаметна работа од тоа да размислуваат за миграција село-град, па седнале, загреале столче и завршиле соодветна школа?

Што ти е крива државата, сељанко ниедна, што, додека некој се образувал и читал цели библиотеки, ти си се валкала по сено, кое уште ти се ѕирка од под сукњата?

Кој Ви е крив, што, додека некој бил упорен па успеал да се описмени, Вие сте останале на прочитани весници од тоа дворските ќенефи со срце на вратата, онака скинати па закачени на ексер унутра?
Кој? Државата?
Не, не е крива државата, сами сте си криви што не сте си останале по тоа ливадите, да се бркате меѓу дрвја и да си берете шумски плодови, да си правите Ивкови слави, да се ваљате по сено, да орате, жнеете, па онака, поштено, да ги изнесете производите на пазар, да ги продадете за да преживеете и НАЗАД у село!

Државата, секако е крива што дозволила толку многу да осиромашат нашите прекрасни села, каде што живеат прекрасни и чесни луѓе, од кои има што да се научи за животот.
Државата е крива што, на времето немала ама баш никаква стратегија за оживување и за поддршка на земјоделието, сточарството, па дозволила да се случи таа катастрофа наречена миграција-село-град.
Да се разбереме, немам ништо против луѓето кои, нормално, во потрага по подобар живот, во потрага по егзистенција, биле приморани да бегаат у град.

Немам ништо против луѓето кои се чесни и чесно си ја работат работата, не се мешаат кај што не им е место и секогаш, со гордост го истакнуваат своето потекло.

Имам против сељачааааната кои аздисаа по градов, од кои веќе не се дише, од типови и типки кои на работно место ждерат ајвари, туршии, лутеници, чварки, рокаат народњаци до даска, па после ждригаат и испуштаат звуци како некој да им здрвил бокс у плексуз.

Имам против сељачаааната, на кои единствена цел во животот им е да се такмичат со колегите од градов у секоја можна дисциплина.

Значи, чест на исклучоците!

И, уште нешто, многу важно: сепак најлоши сељачааана се скопските! Нема полоша комбинација од скопски сељак.

Ете, сега ми е полесно.

Посетено 1.578 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски