Скопје имало боемска традиција!

skopje ima boemi
Фото: Дац
Скопје имало боемска традиција! Имаше Скопје и други традиции: идење у кино, на пример – па не гледам дека ни ги вратија кината на секое ќуше. Имаше традиција на идење на утакмици на стадион, па не гледам дека ни го вратија фудбалот за да имаме зашто пак да идеме. Не само тоа, ни го прекрстија стадионот од Градски (традиционално) во Филип Втори (античко новоснобовски). Имаше традиција на најдобри клубски журки на овој простор, па сега во дискотеките ечат народњаци. Имаше традиција на идење во театар, а сега во театар се иде или во „Комедија“ или на „Певај брате“ из северносуседне републике, или на „Златна бубамара“ (знаете има такви кои мислат дека е тоа претстава и тоа најдобра што ја гледале, евентуално ланската да била подобра).
Имаше традиција на масовно возење точак и одење пешки (корзирање нели). Сега се палат коли од една до друга кафана.
Ние господа, на традицијата одамна сме и’ плукнале под прозор..

Автор: Александра Бошковска

Посетено 1.844 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!