Силеџиство на училиште

Дознајте кои се вообичаените знаци дека вашето дете е предмет на силеџиство и како да му помогнетеsiledzistvo-na-uciliste-znaci-i-zastita-na-decata_image1

Р

ечиси секое дете во текот на растењето и одењето на училиште се соочува со силеџиство. Овој чин на насилство е сè поприсутен помеѓу децата на училишна возраст и, оттука, е важно секој родител да поразговара и да го едуцира своето дете на оваа тема. Силеџиството и насилството помеѓу децата може да се појави на предучилишна или училишна возраст и често може да трае подолг период и да се манифестира на многу различни начини меѓу кои, најчести се промени во расположение, несоница, депресија. Кои се првите знаци на силеџиство помеѓу децата и како да му помогнете на своето дете?

Форми на силеџиство на училиште

Силеџиството помеѓу децата на училиште може да се забележи во повеќе форми: вербално силеџиство кое подразбира закани, именување со различни навредливи имиња и прекари; психолошко силеџиство кое подразбира ширење невистини, исмевање и избегнувањево друштво; физичко силеџиство кое подразбира тепање, туркање, крадење пари или лични предмети и сл. Многу е важно да се напомене дека секоја од трите форми на силеџиството претставува подеднакво трауматичен чин на насилство кај децата. Ефектите и последиците од силеџиството на училиште понекогаш може многу сериозно да се одрази на однесувањето на детето коешто било злоставувано, поради што е неопходно постојано да се разговара со нив и да се следи нивниот психички и физички развој.

Знаци дека вашето дете е предмет на силеџиство во училиште

(Посетено 286 пати, 1 денес)
Pharmanews.mk
Автор
Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.

Поврзани Статии

Оставете одговор

*