СЕМАФОР

Многу сакам да сонувам
Пред да си легнам бев решен
дека ќе сонувам некој порнич на плажа
ама нешто не ми испадна баш така
па сонував дека пред Зајас ми се расипала колата
влегувам во селото да барам мајстор
и гледам некои познати луѓе од Скопје
„еј што вие тука, и вас ви се расипала колата ?“
„не бе, дојдовме на геј-парада,
Во Скопје не ни даваат па тука решивме да правиме “
Не го завршив сонот , ме разбуди промаја
Барам од кај ми дува
се шуткам по дома кога гледам
ми ја нема влезната врата и во ходникот
еден цајкан стои ?!
тргнав накај него него и ми списка
„кај идеш , гледаш дека е црвено“
„какво црвено, што ви е на вас?“- се чудам
„што е, не го гледаш семафорот?“

semafor-panker_majkatiitatkoti
Пази стварно, кај што ми беше ѕвончето
ставиле семафор за пешаци, и стварно е црвен“
„чекајте нешто не ми ејасно?“
„што не ти е јасно, ти додека спиеше го сменија ГУП-от
и тука е предвидено детско игралиште,
катна гаража и сега за сега семафори
ама во план е кружен тек“
„и се’ тоа на место кај што ми беше влезната врата? “
„па што има некој проблем ?“
„нешто тесно ми се гледа, едвај кауч внесов низ таа врата
вие цел град сте сместиле ?
„е тоа ти е друже, има луѓе што си ја знаат работат“
„ок, него ај смени ја бојата на семафоров гледаш дека
пола саат е црвен“
„е не можам, поврзан е со зелениот бран на партизанска“
„уфф, ќе се изначекам, него ај да ти дадам пари
да ми купиш цигари, ми препека организмов за никотин“
“да бе ја на што ти личам ?“
„ќе ти дадам 20 денари“
“ок, договорено ама немој да ти текне
на црвено да поминеш, гледаш колку камери има“
Додека ги чекам цигарите просто
се гордеам што се’ овака беспрекорно
ни функционира во градов
Proud to be Skopjanian

Посетено 495 пати