Секси Лејди

girl-body

[fblike]
Во природата на жената е да сака постојано да биде секси и привлечна. Похрабрите еволуционисти веројатно ќе речат дека тоа ни е наследство од предците за одржување на видот. Да го привлечеме мажјакот за да не’ оплоди и да оставиме потомство. Желбата за разголување веројатно е најголема во деновите кога овулираме. Тогаш ни доаѓа да се расоблечеме: море чипки, море штрасови, море прекратки сукњи… 🙂 🙂 Па после ќе се стабилизираме. И онда ајмо опет..🙂
Низ векови жените се соблекуваат, а мажите зјапаат.
За кого се дотеруваме? За нас самите или за мажјаците?
Млади јадри гради дискретно ѕиркаат и привлекуваат. Но, извадени на мегдан, со екстремен минич се многу достапни, а со самото тоа неинтересни. Или предизвикуваат страст само за една употреба.
Стари гради со ’висечка рецка’ 🙂 🙂 и попрсјето тук – там прошарано со старачки пеги. Дали тој момент може да биде секси? Не верувам. Висечките елементи на рацете, староста на колената (ах пусти колена колку ни ги покажуваат годините)… Откриена стара бела нога, што мава малце накај зелено 🙂 Дали може да биде секси? Не верувам.
А лицето..оххх лицето. Старее немилосрдно – опуштена мускулатура, под долната вилица’’бомбоните“ (пусти да останат). Само очите остануваат исти. Да те потсетат дека некогаш си била млада.
Е па добро со скафандер, гњурачко одело и гас маска ли да излегуваме? 🙂 🙂 🙂
Неее, никако. Да бидеме покриено – малкуцка откриенки. Добитна комбинација. Дали сите умееме?
Како да се постават границите? Секоја по свое видување.
Посетено 874 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!