Се врати само за да видиш дека заминав

Се врати за да видиш само дека заминав, така правиш секогаш.

Се враќаш бидејќи не знаеш што понатаму, на каде да чекориш?

Нема патокази, нема мапи.

Единствено ја држиш во раце мапата која ја цртавме заедно, а таа мапа секогаш ќе те води до мене.

Но, жалам на мојата територија на скршени срца нема да се вратиш никогаш повеќе, ставив граница, брана која никогаш повеќе нема да ја прескокнеш.

Нацртај ја таа брана во мапата како што тоа го направив јас и секогаш на патот назад до мене, кога ќе стигнеш до неа потсети се дека нема да успееш да ја преминеш.

Единствено ќе ти остане само да гледаш како заминувам подалеку од тебе, враќајќи се самата на себе, но никогаш повеќе на тебе.

Посетено 3.847 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!