Се најдоа

595х90 px-01

srcata na panker-pocetna_majkatiitatkoti
Влегувам во кафич и одма се сместувам на шанк
До мене на шанкот стои едно срце,
најобично човечко срце и пие текила со цевка
Сум видел се и сешто по кафани
ама срце само да се шанкира и пие текила?
Е тоа не ми се случило!!!
„здраво, јас сум Зоки“ – му викам
„здраво, јас сум срце“ – ми се насмевна
„ма гледам дека си срце, ама зошто си само?
сигурно имаш некој сопственик?“
„па да имам, една Сандра ми е сопственичка
ама отиде со еден дечко а мене ме остави
тука да ја чекам“
„те оставила?“
„па да, отиде со него за пари не од љубов
па јас и’ бев непотребно“
„ е јбг..ама барем пари ќе ти донесе“
„мене ќе ми донесе?..што ќе ми се пари,
за бајпас?“
„и тоа што викаш…него морам да си одам,
имам некоја работа“
„нее, немој… што ќе правам само“
– тажно ме прашува
„ех, па како да ти помогнам?..уствари ми текна,
ќе го оставам моево срце па правите си муабет
додека да се вратам“
„стварно?… а тебе не ти треба?“
„па ми треба ама моментално не, да бидам
искрен само проблеми ми прави“
И така,го извадив моето срце,
го ставив до тоа другото,
им купив по една пијачка и си отидов
Се вратив после некој саат , гледам ги нема,
шанкерот ми кажа дека се гушкале
и така гушнати заедно си отишле
Ако, нека му е со среќа
Посетено 1.519 пати (1 денес)