Зарем навистина се надевав дека ќе се бориш за мене?

Слушам рок, ме смирува, ми влева релаксација онаму каде што легнал немирот, го потиснува, ме потиснува на креветот и ме успива.

Во тие моменти сликите ми прелетуваат пред очи кога ти ја испуштив раката знаејќи дека е за последен пат.

Во тие моменти сликите ми прелетуваат пред очи кога за прв пат ти ја завртив главата на улица знаејќи дека ти ме јадеш со поглед.

Во тие моменти сликите ми прелетуваат пред очи кога за прв пат одлучив да те одбијам кога реши да си ја погазеш гордоста и да ме побараш.

Во тие моменти сликите ми прелетуваат пред очи кога се разминавме како странци милион пати, милион пати си каснавме од инаетот и го плукнавме под ѓонот, газејќи го без размислување.

Се прашувам каква гордост беше таа голема, пизда му материна?

Иста гордост, ист инает, исти емоции, исти глупаци, погрешно време, вистинските ние.

Во тие моменти сликите ми прелетуваат пред очи кога за прв пат дофатив туѓа рака освен твојата, а ти го виде тоа и се стаписа.

Во тие моменти сликите ми прелетуваат пред очи кога за прв пат бакнав усни туѓи освен твоите, а ти повторно виде и запали цигара.

Сакаше да те гори љубовта на начин на кој што тоа го правеа некогаш моите усни.

Заборави ли дека ме испушти како дим од цигара, лесно да се изгубам во просторот мислејќи дека со наредното влечење повторно ќе се појавам?

Е нема…некои димови засекогаш исчезнуваат во просторот, некои цигари завршуваат до пола испушени во пепелникот, јебига.

Во тие моменти кога џезот станува немирен, се прашувам зарем навистина се надевав дека ќе се бориш за мене?

Потајно секоја вечер пред да заспијам, ме држеше будна надежта кажувајќи ми дека и останала уште битка две со твојата гордост…

Но, прерано надежта победи знаеш, таа победи кога некој друг те победи тебе и успеа да ми ја фати раката, онаа што ти ја испушти, се сеќаваш?

Сега имам некој што знам дека нема да посакам да се бори за мене, бидејќи знам дека никогаш нема да ме остави.

Твое е сега да прашуваш во моментите кога слушаш рок, дали навистина се надеваше дека ќе те чекам вечно?

Посетено 4.748 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!