Се будам и склопувам очи

Па да, секој ден склопувам очи и си пружам симболичен отклон од се. Ѕидам бедеми од светот кој што уништува. Му давам до знаење на мозокот дека се предавам. Склопувам очи и чекам да се случи она. Сам, помирен, тивок…Со склопени очи

Зошто мртвите ги склопуваат очите? Затоа што им е сеедно. Оној којшто те брка цел живот не му е гајле за твоите маки. Без разлика дали е во прашање жив човек, или она мало човече во твојата глава. Се е борба. Сите ние се бориме, секој ден. Некој и до крајот на животот, цел живот. И тогаш мислат дека изгубиле. Од кого тоа изгубиле. Од смртта? Не, смртта е победа.

Склопувањето очи е победа. Привремена смрт. Само со склопени очи можеме да умреме милион пати дневно. И секој пат да победиме. Во оној момент кога ќе докажеш на самиот себеси дека ништо не е важно и дека било кој може да ти направи било што, тогаш победуваш. И себе и нив. Не е веќе важен скотот на кој што си должен. Нека дојде, нека ти ги скрши ребрата, нозете, рацете. Може. Нема веќе замарање со походот од завери којшто ти го киднапираат сонот.  Склопување очи.

Мртов си. И тука следи најфреаерска финта, маалска, од детски денови, ефтина што со пари не се купува. Отвараш очи и по милионити пат се раѓаш. Слушаш, гледаш, чувствуваш. Умре а не се распадна, се роди а не се посра.
Ете, магија…

595х90 px-01

Посетено 490 пати