Само душата си знае колку е вистински верна и чесна

Еднаш во мубает со ќерка ми, за тоа што е моралот, стасавме до десетте божји заповеди (иако таа не е религиски определена или неопределена). Чисто така – споредивме и стасавме таму. За жал, кај нас сите верски прослави се претворени во спрдачина и глупирање- обреди кои во секое семејство се слават вака или онака, маала во кои едни кршат леб ноќе, други дење, сечат лево, па десно и слично, скоски обичаи, охридски обичаи, бла бла бла… Лост ин транслејшн е работава. Ако секој од нас застане на кратко, па се замисли и сфати колку гревови прави – од ситно подлажување, до крупни лаги и превари, крадење на мало и големо, прељуби од мали и големи размери -за плескање или нешто малку повеќе, хипокризија – особено во однос на сопствените деца, неискреност, нечесност, подметнување, исмевање, озборување, омаловажување, навреда на туѓ памет, тешко лицемерие, беспоштедна демагогија… тешко да можам да донабројам што се е видливо со голо око. Глобално, не само тука.И кога најпосле, со крајна лекодушност и безмораланост се честитаат вака јавно – празници, бадници, сештици….останувам без коментар и си викам – само душата си знае колку е вистински верна и чесна…тогаш кога човек ќе си легне на перницата и ќе се замисли што се лошо и добро направил во само еден ден. Да не праиме муабет за повеќе.
Од мене, нека ви е искрен и чесен, па така и како пердув лесен – секој ден како да е Велигден.

Оливија Георгиевска

Посетено 613 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!