Само Дома Си Е Дома

samo-doma-si-e-doma-1
Само тој што заминал од дома, знае какво е чувството
кога повторно се враќа во својата татковина.
Каква таква, моја е, можеби на моменти жалам што сум дел од неа, но верувајте ја сакам неизмерно.
Во  други моменти на фрустрација кажувам дека се срамам што сум Македонка, но вистината е дека јас всушност, потајно се гордеам што сум Македонка.
Не посакувам да се родев на ниту едно друго место, само посакувам да се родев во малку поинакви услови, помеѓу понапредни мозоци, подобри стандарди.
Вистината е доколку сакаш да си успешен ќе бидеш успешен, без разлика каде и да си, затоа не обвинувајте ја државата за се што ви се случува.
Кога ќе одлучиш ТИ да бидеш успешен, богат, среќен, ниту една држава не можи да те спречи да го сториш тоа.
Но, малку се луѓето кои размислуваат на овој начин, повеќето кои ги знам само се жалат од сиромаштија и манипулација,
Не знаат дека самите дозволуваат да бидат сиромашни и манипулирани. Кој смее да ти кажува што да размислуваш, како да размислуваш и слично?
Никој, нели освен самиот ти, врежиси го еднаш и засекогаш ова во главата Македонче, ти си слободен човек, никој не ти може ништо.
Поентата на овој текст беше да ви доловам дека каде и да заминам, можеби ми е убаво, да не речам, но ќе речам поубаво од дома, од мојата Македонија.
Знаете ли што се случува таму далеку, во тоа странство кое го викате вие секоја вечер пред да се заспие?
Се замислува домашната перница, во родната куќа, во родниот град, во родната држава, во мојата држава!
Ете тогаш на сон ми доаѓа саат кулата во Битола, Широк Сокак, центарот на Скопје, улиците низ него, мојата улица во Битола, Охридското езеро и така натаму, мислам дека ви ја доловив поентата.
Едноставно само Дома си е Дома, а мојата вистинска дома е МАКЕДОНИЈА без разлика на останатите држави во светот во кои Македонците живеат како кираџии.
Посетено 1.583 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!