Сакам да…

apce-naslovna_majkatiitatkoti[fblike]
Сакам да пијам лимонада од Лимунаџилница, сакам да пеам навечер по улиците на Карпош, сакам да јадам сладолед Снежец од Млекара, сакам да одам во диско Мусандра, сакам да јадам чорба од Хотел Карпош и да ме служи Раф, сакам во лето да се бањам во езеро Треска, сакам во зима да се лизгам со клизалки на смрзнатите езерца во парк, сакам да возам точак по празните улици во ниедно време, сакам да се прекачувам преку оградата на Зоолошка градина, сакам да јадам сендвич од Чичко Стоилко, сакам да стојам пред Ванила, сакам да купувам ментол цигари од Бутик Фонтана, сакам да грицкам семки во кино Вардар, сакам да слушам на радио Три Гонга, сакам да играм сервис на паркинг пред зграда, сакам да се начукам во бифе кај Крап, сакам да ја гледам Тетовирани души со татко ми, во улогата на Стрезо, сакам да купам од Апче литро боза, да ја испијам по пат накај дома и после да повраќам, сакам да шутирам камчиња од град и после да ги донесам во мојата соба, сакам да купам пица од Жито лукс, сакам да има маалски полицајци кои знаеа се за нас, сакам да шетам по улица на пороен дожд, сакам да купам Левис 501 од Вартекс, сакам да заѕвонам на врата кај најлошиот комшија и да побегнам, сакам да се сакаме како некогаш… сакам да…
И не знам… навистина не знам дали ова е жал за младост или нешто друго… но ова што го набројав, навистина многу го сакам!
Посетено 5.756 пати