Сакам


leto_majkatiitatkoti
Лето, лето, среде град,
истегнати тополи и лад.
Сакам мраз, сакам женски газ,
маалска кафеана во сенка на планина.
Сакам разголени девојки во фонтана,
стриптиз на калдрма –
што помалку облека,
цветни фустани над голи тела.
Ракија кога е најжешко – во три,
парче сирење и патлиџан на четири.
Сакам да не ме дават давежи,
безгрижни муабети кога ми е најтешко.
Сакам да се смеам, во лошо да не верувам.
Да пладнувам и сонце да испратам,
тивка квечерина и секаква месечина.
Сакам романтика во патика,
бакнеж и прегратка со саканата.
Сакам сè, а малку ми е доволно –
Вера, Нада и Љуба
(сите три истовремено).
Сакам летна зора да дочекам,
да си легнам, да се разбудам
и да си речам:
никогаш подобро не сум
се чувствувал.
(Посетено 183 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*