Сабота вечер. Излезена со другарките у Сокаче…

frose_majkatiitatkotiСабота вечер. Излезена со другарките у Сокаче. Единственото место у градов каде што луѓето знаат да уживаат. Луѓе кои имаат некакви емоции на нивните лица. Живи луѓе. Вистинска реткост у Скопје. Сокаче не е за секој. Ако си умрен у душата не си за таму, бидејќи местото е полно со живот. Ако си умрен у душата таму нема да ти е убаво, бидејќи ќе те потсеќа на се што ти не си. Во град полн со живи мртовци кои не знаат да се забавуваат, Сокаче е збир на емоции и среќни луѓе. Енергии кои се препознаваат. Убави енергии.
После Сокаче следи диско, т.е ноќен клуб. Заеб на векот. Градот полн со мртвило го “живее” својот максимум. Лево од мене на сепаре оптегнати 6 машки на возраст од околу 25 години. Со карирани кошулчиња и тесни панталони. Пијат Бадел коњак за кој келнерот ги лаже дека е виски, а тие веруваат пошо имаат само слушано за Џејмисон. И дремат. Со тажни фаци бидејќи на едниот му раскинала девојката, а другите сочувствуваат. Додека животот поминува покрај нив, тие го пропуштаат, загледани во судбината ко теле у шарена врата и ништо не им е јасно. Мислат животот завршува после второто раскинување. Десно од мене 4 девојчиња, млади, убави и наведнати над телефоните. Отсутни од се околу нив. Отсутни и од самите себе. Присутни само на инстаграм со live story. Пијат бело вино и им приоѓаат само напалени старци од кои им се грози, па затоа после првото вино си одат. Од убавите моменти со кои се фалат на инста, најубаво е тоа ако не ги болат нозете од штиклите додека си одат дома. Позади нив група од нафурани дечки на богати родители. Со флаша на коњопој. А флашата не знаат да ја отворат. Ама затоа го отвораат новчаникот за да покажат кој повеќе има, т.е чив родител дал поголем џепарац. Ги слушам како се договараат кој прв да иде у вц да шмрка, пошо ако не си нашмркан у Скопје не си ин. Тапа си. Сметката им е околу 20.000 денари според флашите на маса што ги имаат. До нив како украс на коњопојот стојат и светкаат со циркони “тетки” од 19 години, кои се видливо горди на тоа дека се знаат со синови на богаташи (читај криминалци). Пијат вотка која ја плаќаат богативе синови. По правило се манекенки, како по градбата, така и по мозокот. На богативе синови тоа им одговара. Убава за покажување (пошо испод част им е со просечна да излезат) и глупа за да можат да ја купат со смирноф со цеден лимон. И не се забавуваат. Тие глумат мангупи со сериозни фаци, чиј израз го вежбале пред огледало од понеделник до петок, а невестиве со испаглани фризури не мрдаат за да не се испотат и да не им се извитка косата. Не дај боже шминката да им се избрише. Отидоа веѓите. Депресија и курч за извоз имаме.
sokace pocetna_majkatiitatkoti
На другиот крај од клубот собрани пак ќерки на богати родители, кои нарачуваат вотка со две и пол коцки мраз, флаширана вода од падините на Хималаи, со органски лимон одгледан во Шпанија на кој монах од Тибет му пренесувал позитивна енергија која дотичнава фрустро богаташка треба да ја конзумира. Сите обични смртници кои сакаат да им пријдат ќе бидат одбиени бидејќи никој не е доволно добар (богат) за да може да го лапа силиконот во нивните усни. Си одат дома без да разменат 2 реченици меѓу себе. Вечерта ја поминаа превртувајќи со очите за секој што ќе помине покрај нив.
На шанк стојат 40 и кусур год. моми, такозвани удавачи, спремни за мажење. Ако ти се закачат, нема откачување додека не ги оплодиш, па ти мисли му ја. Ако си помислат дека си ги погледнал и дека ти си љубовта на нивниот живот, тогаш господ нека ти е на помош. А стојат на шанк бидејќи никој не им дава маса со 3 кисели води. Најоткачената од нив пие кока кола. Не се дојдени за да се забавуваат. Дојдени се да се омажат. Но вечерва нема да се случи тоа, исто како ни у претходните 40 години. Според ставот и социјализираноста што ја имаат, едната е наставничка, другата библиотекарка, третата е 20 години секретарка на директорот у фирма со 5 вработени. Се нема омажено заради директорот кој ја лажел дека не ја сака жена му.
На другиот крај од шанкот стојат мумијата на Тутанкамон, чинарот од Охрид и Киро Глигиоров. Едниот облечен у кожни панталони, другиот со бела кошула со деколте, а третиот крупен брадоња у одело кој последен пат го има носено пред 50 години на својата матура си ја пее Don`t let me down на глас. Малце е саркастично да си сам на шанк на 60 и кусур години и да ја пееш таа песна. Ко да си праиш мајтап со самиот себе. Пијат пиво, бидејќи било корисно за простата и камен у бубрег. Загледуваат млади девојчиња, но не се нападни. Само гледаат. Знаат дека се поблиску до св. Петар отколку до шанска за секс. Не се ожениле бидејќи во секоја жена ја бараат својата мајка иако тие појма немаат дека е така. А мајките им се мртви веќе 20 години.
Помеѓу старците и старките на шанк, во средина стојат мафијаши, чиј авторитет е надалеку прочуен во нивното село. Обично пијат без пари и го малтретираат шанкерот со приказни колку се они моќни и како нив никој ништо не смее да им пререче. Јас на таквите им викам: ако си толку моќен, што не си ја платиш сметката? Едниот е со бела маица у V која ја нема соблечено од четврто одделение, бидејќи пука на него и може да ја соблече само со помош на пластичен хирург. Ама па да не беше таа маица немаше да знаеме дека е набилдан. А набилданоста е многу битен момент во CV то на овие ликови. Другиот е у сако и со количина на гел на косата доволна да опреми неколку фризерници. Златно ланче и пура е за уметничи дојам. Ја тегне пурата и праи кругчиња и гледа наоколу дали “пичките” го гледаат. Откако ќе видат дека никој не ги есапи, почнуваат да пуштаат пијачки на се што е женско и што мрда. Исто како и секоја вечер пред тоа, така и оваа, пијачките никоја не ги прифаќа. Вадат евра место денари на шанк, за уште еднаш да покажат какви мадафакери се тие. Си одат сами дома и си легнуваат заедно со гелот на косата.

Banner_GIF

Помеѓу сите овие инспиративни ликови, има дечки и девојки кои се навистина дојдени за да слушаат што има да понуди DJ от. Ликови кои станаа ендемски вид бидејќи се помалку ги има. Тоа се оние опуштени, културни ликови кои се дојдени да играат и да уживаат, кои не патат од тоа да бидат мангупи, кои не патат од тоа да бидат видени. Луѓе со душа. Скромни. Мали, а сепак големи. Луѓе кои знаат што е ноќен живот. Луѓе кои учествувале во формирањето на ноќниот живот кој денес полека умира заради овие од описот погоре. Луѓе кои не се замараат кој чиво дете е, туку ги носи музиката. Кои не мора да се начукаат и нашмркаат за да им биде убаво. Кои излегле за да се видат со нивното друштво и заедно да им биде убаво, а не да мерат “муда”. А каде сме јас и другарка ми? На подиум. Со еден поглед ги опсервирам сите и знам кој у каков филм е. А таа моќ за правилна проценка ја имам поради природата на моето работно место. Келнер. Ние келнерите мора да сме и добри психолози. Фрлам поглед околу мене, колку да знам со кого делам ист простор и продолжуваме да играме со другарка ми. Со чаша вино во рацете, доволно ми е нејзиното присуство и убавата музика. Не ми е гајле кој чиво дете е. Дали некој е мафијаш или бизнисмен. Не сум дојдена со намера да ќарам нешто. Убаво ми е вака. Со еден поглед знам се. Знам кои сте и зошто сте таму. But, who cares? Show must go on. Барем за нас што го живееме животот со полни гради. Фрлете ги маските, нека ви се растече и шминката, ама живејте бре луѓе. Живот му фали на градов. А градов е ваков каков што е заради тоа што …
Скопје е град каде што класните разлики се многу поголеми за разлика од другите градови. Добро, не можеме да се мериме со Белград ( од овие поблискиве градови), но и овде градот е поделен на “големи” и “мали”. А големите ги јадат малите и затоа секој трча да биде голем, за да преживее. Овде борбата за пари и моќ не е чесна борба. Овде се мери само во бруто и нето. Овде има опасни муабети и прљави игри. Ако не заебеш ќе те заебат и најчесто на тоа сме научени. Барем ние децата “од улица” научени сме дека животот не е фер и дека за да бидеш добро треба прв да нападнеш. Затоа што во овој змијарник ако не си таков ќе те изедат. Џунгла каде преживуваат само предаторите.
Но како што реков: Show must go on!
Автор: Фросина Ѓоргиоска

baner-latte-595

(Посетено 16.697 пати, 77 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*