Розата е најубава кога е сама!

[fblike]

rozata-e-najubava-koga-e-sama-1

Чекаше, чекаше, чекаше…
На крајот сфати дека не вреди да чека нешто кое повеќе не ја содржи истата чистина која ја имало на почетокот, како блесокот на утринската роса која се одбива од зракот на сонцето и ги заслепува сите со својата убавина.
Таа беше изгубена во времето, изгубена долг период кој траеше и подолго од вечниот досаден неделен ден.
Се присети дека е како роза, црвена роза која почнала да овенува одбивајќи да пие од изворот на животот.
Иако после тоа бојата на нејзините црвени ливчиња полека стануваше борда, таа научи како повторно да ја претвори во светла црвена.
Сфати дека сите рози се убави, но таа ја има онаа посебна харизматична убавина на која никој не може да одолее.
Можеби навистина сите рози сакаа да се натпреваруваат меѓу себе, истото го сакаше и таа, но самата со себе бидејќи знаеше дека ако треба да биде подобра од некој, тој некој е самата таа.
А знаете ли зошто?
Затоа што розата е најубава кога е сама!
Посетено 2.350 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!