Револуција и плагијатизам

Еднаш со една моја драга особа и другарка паднавме во муабет за добри книги. Ми вели дека прочитала некоја страшно добра книга во стилот на еден познат писател.

Колку да е добра некоја книга, писателот ако веќе се декларира за писател треба да изгради сопствен стил. Достоевски не би бил Достоевски, ако денес говориме дека неговиот стил на пишување е сличен/ист со друг писател.

 

Било кој производ кој потсеќа на друг производ под автоматизам преоѓа во копија или плагијат.
Сум зборела за револуцијата и плагијатизмот малтене милион пати, но таа реченица едноставно секој пат успева одново и одново да ми го помати умот.

Можеби мислите дека се е измислено и сега допрва ќе измислувате „топла вода“, ама секогаш постои излез поинаков од на оние останатите.

Секоја дело е приказна за себе, дете на творецот и секој би сакал да биде уникатен и свој на еден посебен начин. Не ги споредувајте дела едни со други, колку и да ви звучи нешто клише или веќе-видено, уметникот сепак од друг агол си ја гледа приказната.

Ајдепјт на ова би го спомнала и следново: Неколку пати ми имаат напишано некоја мисла која е слична или малтене иста, очекувајќи дека јас ќе паднам во земја… За повеќето не ни знам дека постоеле, и некогаш е многу веројатно да склопиш реченица со зборови кои ги користиш барем еднаш во денот.

Почитувајте го секое дело, останатото е ствар на вкус. Бидете свои, најпрво!

Посетено 219 пати