Рестрикции прават, кварови поправаат или будали не прават?

Sveкa-majkatiitatkoti

[fblike]

Паметите дека порано, пред многу години, во 20 век, имаше рестрикции на струја зимно време поради преоптеретеност на мрежа, па најавуваа кој ден каде ќе нема и од колку до колку саат (ова можеби и не го правеа, не сум сигурна) , па седевме по дома на свеќи, си теравме зимска романтика 🙂
Денес, не поминува ден, а да не прочитам објава дека некаде, во некоја населба во Скопје, ќе нема струја. Ама буквално секој божји ден! На толку пари кои ни ги земаат за оган скапа струја, што сме должни на свеќи да седиме во 21 век? Рестрикции прават, кварови поправаат или будали не прават? Може некој од поупатените да не просветли? 🙂

baner-igor-forza

Посетено 462 пати