Рече дека си најдобриот, но и најглупавиот кој сум го имала досега

за ова второто беше во право
vold 2_0– Ало??…
– Дали ќе може едно такси на улица…?
– Секако, ќе пристигне за 10 минути, малку сме во гужва.
– Во ред, благодарам.
– Пријатно.
– Пријатно, имајте пријатна вечер…хах, ми рече да имам пријатна вечер, изусти низ чадот од цигарата кој бавно се тегнеше низ просторијата и се бореше со отворената врата.
Не сакаше да излезе, за разлика од мене. Јас сакав да потрчам кон неа, 10 минути?
Кој ќе чека цели 10 минути во таа соба полна со спомени, тој потпрен на стариот камин, пуши цигара, ме сече со поглед, ме убива со зборови, не чувствува, не го слуша мојот поглед како му зборува – “Замолкни, ќе се каеш!”
Но, тој не замолкна, како погледот да му кажа зборувај, празна воденицо.
Рече дека си најдобриот, но и најглупавиот кој сум го имала досега.
Не сакав да ти вратам со тоа дека за ова второто беше во право, туку сакав да ти честитам бидејќи ја доби втората награда за глупав, зошто беше премногу глупав за да ја добиеш првата.
Но, баш кога сакав да ти ги врачам честитките со шамар, таксито пристигна….
Посетено 2.295 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!