Разведен татко во фантастичен однос со син му

Јас сум во фантастичен однос со син ми…

dete tablet_majkatiitatkoti[fblike]
Разговарам со еден разведен татко:
– Јас сум во фантастичен однос со син ми –
– Ах, браво – му реков…Сигурно си водите интересни разговори за животот и тоа што син ти сака да го прави во
животот, продолжив.
Не – ми рече.
– Тогаш го будиш и му правиш појадок, му ги переш алиштата, се смеете во недела на појадок, заедно пазарите, му ги познаваш другарите, знаеш кои му се наставниците и децата од одделение, му ги знаеш проблемите и игрите, навечер гледате филм, зборувате за филмот и си легнувате со гушка…
– Не бе, за тоа е мајка му!
– А ти? пак да прашам.
– Е….секој ден по 5 пораки на вајбер му пишувам, да се фрли паричка, да го однесам до овде до онде…
Сакав да го прашам колку пораки на вајбер и месинџер прави со останатиот свет, колку пари фрла за кафе секој ден, и каде се кого разнесува….па се прашав – сериозно – јас сум нешто грешка?
Оливија Георгиевска

595х90 px-01

Посетено 4.616 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!