Раванија

раванија
Време е за нешто ретро и благо, време е за колачот кој често го подготвуваа нашите мајки и баби и кој веднаш нè враќа во детството.
Состојки:
Брашно – 12 лажици
Шеќер – 12 лажици
Масло – 12 лажици
Гриз – 12 лажици
Млеко – 12 лажици
Ореви – 12 лажици
Јајца – 4
Прашок за пециво – 1
Сок од лимон – по вкус
Суво грозје – по вкус
Шеќер (за шербетот) – 600 гр.
Вода (за шербетот) – 1 чаша
Инструкции:
Чекор 1:
Изматете ги заедно јајцата и шеќерот. Додајте брашно, масло, гриз, млеко, ореви, суво грозје и прашок за пециво додека целата смеси убаво не се соедини. Потоа додајте и сок од лимон по вкус, ставете ја смесата во намрсен плех за печење и печете во рерна на 200 степени половина час.
Чекор 2:
Додека се пече колачот во тавче на шпорет направете шербет со шеќер и една чаша вода. Нешто за што ќе ви бидат потребни половина час.
Чекор 3:
Кога колачот ќе се испече извадете го од рерна, исечете на коцки и оставете го да се излади. Кога ќе се излади прелејте го со шербетот кој не смее да биде врел. Оставете малку да се впие и потоа извадете ги парчињата раванија за послужување.

gorska-baner-text-500

Посетено 2.732 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!