Против затвор

protiv zatvor-naslovna_majkatiitatkotiМногу луѓе страдаат од затвор кој се манифестира со ретки и тврди столици и потешкотии при празнењето на цревата. Затворот се јавува од различни причини, а најчесто поради промена на секојдневните навики (како патувања, слабо движење, преобилни оброци), земање на некои лекови (како седативи или лекови за киселини во желудникот), или болести како дијабетес, тумор, синдром на надразнето црево, мултиплекс склероза. Toj е непријатен сам по себе, но може да предизвика и низа други заболувања како анални фисури, чир на ректумот и хемороиди. На овој начин се создава еден магичен круг поради кој состојбата постојано се влошува. Mоже да се јави повремено или да стане хроничен проблем доколку трае подолго од 6 недели. Затворот често е проследен со умор и малаксаност бидејќи организмот не може да се ослободи од штетните материи во цревата. Кога содржината бавно минува низ цревата, водата се впива во слузницата на цревата и столицата станува тврда.
Посетено 819 пати