Прости и што овој пат ништо не сака

nisto ne saka_majkatiitatkoti

Ја нарекуваше “секси“,

можеби затоа што во мене секогаш гледаше само секс…

A немаше збор со кој ТАА не те нарекла…

и душа, и злато, и мило, и слатко,

и симпатично, и разбојник, и сорта,

и секси….

оти беше СЕ за НЕА…

најубаво спакувано во нејзиното СРЦЕ…

Упорно ти го подаруваше…

на сите можни начини и варијанти…

проба и просто и најглупаво…

и со тело, без да ти признае дека тогаш и душата ти ја даваше…

Ни сама не знаеше

како, ни кога, ни каде, ни зошто воопшто се почна…

а бегаше…

бегаше од мажи, од емоции, од љубов, од бакнежи, од треперања,

од намовнувања, од додворувања, од флертувања, од …

бегаше од се живо, ама престана,

атер за тебе…

ТОЈ не беше ништо од она што го посакуваше,

или бар што нејзиното лудо главче би го замислувало за партнер,

ама стана СЕ она, што дури и не го очекуваше…

тој поглед, тие невини очи, таа искрена насмевка,

таа чиста душа и доброта…

шлаг на се беше што со секој ТВОЈ подвиг ја палеше до излудување… доволно беше да и се приближeшe на неколку санtиметри повеќе…

кај најде ДУША, најде и УТОЧИШТЕ за тело…

ретко ќе ти се посреќи таа страшна комбинација

да ја начекаш на едно место и кај еден ист човек…

Така, ќевлија дека и се посреќи,

срцето само за љубов и мислеше и само љубов гледаше…

а само малку или ич ја немаше…

ама битно срцето и ја замислуваше…

секој пат,

со секој еден чекор напред,

се надеваше дека успеава,

дека успева да те скроти,

да ти покажи каде ти е местото во него,

да те убеди на уште една ноќ повеќе љубење…

Некогаш стварно успеваше…

што, како… и сама не знаеше да си објасни…

битно те имаше, ја имаше,

се имавте одвреме на време…

нејзе и беше се, и љубов и игра,

а тебе само игра…

но се имавте,

секој на свој начин, секој според своите потреби…

И секој пат го лажеше,

уствари се лажеше себе си,

дека е само игра, само забава,

дека може кога сака да пресече,

да престане да вкусува од шлагот, и да си го тера само кафето…

иако навистина годеше малку благичко да се поприми после кафенце… ама ај си велеше, ова е само онака…

ни тој ме сака, па ни јас…

ќе си се маткаме одвреме на време, време ќе си тепаме…

Е арно се тоа, ама

ако пак погледне во оној календарон што и виси на ѕид,

пак ќе и дојде да заплаче…

ах, тој пусти ноември…

кај тргна, кај запусти…

вака, така, месеци изгубивте заедно…

некогаш повеќе, некогаш помалку…

и мислеше дека работите напредуваат, дека одат напред…

да, ама само во нејзиното срце….

колку повеќе време тепаше со тебе, толку повеќе те љубеше…

се топеше како тинејџерка само да ти го слушнеше гласот,

очите и светнуваа само и име да ти споменеше,

подрипнуваше, подскокнуваше, блескаше,

а најсреќна беше во твои прегратки…

имаше нешто смирувачко таму,

како да те тера да љубиш…

Пак одвреме на време ќе ти побегнеше,

а уствари на срцето одамна му текнално за тебе секој ден да си мисли…

си нашло прибешиште и така си тераше…

а ти камен ладен…

за љубов не ти ни текнуваше, па не камоли љубов во НЕА да гледаше…

И лута и бесна, пак иташе да те љуби,

а таман заклетва фрлила – никогаш повеќе!

“И во право си за се“,

ти умееше на оваа лутка глупача да и речеш…

И да и признаеш,

да, дека си нерешителен, дека ТИ си крив за СЕ и не знам што ли…

и дека главатa упорно в ѕид ја удираш, а вратата до тебе била.

Е била, во право беше.

Но, кога го знаеше сето тоа зошто ли никогаш не тропна на неа,

зошто никогаш не се реши сепак да влезиш низ вратата што ширум отворена те очекуваше….?

Јас ќе ти кажам оти.

Ќе те вратам пак на почеток – оти

ТАА ти беше ќеф, задоволство, истресување на мисли…

Чекај, да не претерува, често и од тело нејзино бегаше

се потргнуваше, ама таа пак упорна ќе беше,

со тело ќе ти се нудеше, во надеж дека барем нешто добива од тебе….

Ама и скурчи,

и скурчи да се храни со трошки…

и скурчи да те брка со тело…

да се лижи за трошка внимание, за уште една ноќ љубење…

Чекањето убива,

а ти со секое твое одбивање, ја убиваше уште повеќе.

А нејќеше,

ни да те сака, ни да те љуби, ни па од тебе да бара да ја љубиш…

И повеќе не ти вели… ако сто пати ти го рекла тоа…

ама навистина доста е…

овој пат навистина доста е…

овој пат навистина ќе те послуша.

Ќе се оддалечи…

оти неможе поинаку ако пак те пушти во нејзина близина,

ако пак дозволи да ја кандисаш макар и на кафе…

а кафето води до секс…

а не дека не сака секс,

но не сака само секс…

пак ќе го повтори нејзиното старомодно клише… бара и сака љубов! Бара човек што без срам и двоумење ќе ја фати за рака.

Бара човек кој не сака да губи не секунда без неа…

бара човек, кој со задоволство ќе ја нарече “моја“…

е таков бараше…а не беше ни тешко , ни страшно…

ама изгледа сепак било…

бараше на погрешно место…

Прости и што воопшто се обиде љубов да ти покаже…

Прости и што несакајќи дозволи во срцето да и се вселиш…

Прости и што сакаше да те љуби…

Прости и што овој пат ништо од тоа не сака.

Посетено 6.662 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!