Простаците создадоа просјаци!

Добро утро (некогаш) љубовно и сплотено Скопље. Ти, најубав на овој свет, град(у) на солидарноста!

[fblike]

Денес. Овде….
Простаците создадоа просјаци!
Интелектуална маса, и се предаде на политикантската гнаса!
Се ослободивме од окупатори, кои ли се сега културолошките блокатори!?
Демотиватори, сератори, провокатори…
Ултра богаташи, олигарси, фарси, тајкуни, магнати од една! И сиромашни браќа и сестри до дното паднати, од страната друга, бедна!
Души(чки)те празни. Его, суета и прикаски разно-разни!
Преживеавме поплави и земјотреси, ама никако морални ерозии и ет(н)ички експлозии!
Некогаш на балови и игранки, на концерти и натпревари. Сега само пропаганда, багра, лажги и превари!
И додека расте секој нов ден за тебе љубовта, се продлабоки се тагата, очајот и бедата… чија е, кој ќе ја однесе победата!?
Ушкуп! Радост ти требаше да бидеш!

baner-latte-595

Посетено 1.301 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!